кркори несв.

кркори (несв.)

Се вратија дома. Уште од портата чичко Тале викна: - Каде сте? Цревата ми кркорат од глад! - Еве, - одговори старичката - ти ја носиме баба Наца.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Не сосема. наслушнувајќи го кркорењето на човекот со куршум во градите, коњот со винско испарување во ноздрите, од движење на кобра го зграпчил со заби офицерот за едната страна на лицето и со тргање го разголил до коска.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Првичниот впечаток на тоалетна идила го наруши кркорењето на еден гардист кој што си ги истураше цревата во клозетската шолја.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Војниците му застануваа со колената на нозете, на слабината и на главата да не прета; и додека тој рикаше беспомошно и силно што оѕвиваше селото и планината - касапот ќе му го зариеше ножот во грлото, риејќи низ него додека му го пресечеше гркленот; кркореше бикот, шикаше крв на сите страни стркајќи ги војниците, се виреше крвта во локва и правеше црвена браздичка која истекуваше во езерото зацрвенувајќи ја водата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Уште кога ми текна на лебот цревата почнаа да ми кркорат од што ми се пријаде.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Се обиде да стане, во својот смрзнат страв да му се спротиви со извик, но во неговото грло крикот само кркореше; ни одблизу не потсетуваше на едно липање оставено еднаш во една тешка ’ржана зрелост.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Зборот му кркори уште долу во градите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И после почна да се кркори: го фатила некоја разуздана смеа, некој кикот што завршува со потписнување на грлото.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кркори и некоја пареа се крева.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
дрво удрено од ровја, црно и го фаќам в гуша и го стегам колку што можам, а тој само потклекнува и кркори, небаре да брбори во вирче вода, пушта шапки и очите му излегуваат надвор, ко откатени ореви, бамуја, и потоа памтам само дека ме удри нешто по глава, и ми скрцка нешто во главата, мислиш некој џам ти се скрши во главата и после, кога се освестив се видов бос, ми ги собуле чевлите и чевлите ги видов на нозете од старшијата, оти после многу денови ме тепаше, ќе ме потепа, потепа, и ќе си фати настрана, и ќе се погледнува во чевлите, во ботушите, ќе се кочопери, ко петел на буниште, ама нема веќе што да ми земе, може само животот или калта од под ноктиве да ми ги земе, и сега еве се дотркалав и до ножот од брат ми...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јас кркорам и клоцам наназад.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Уште кога ќе го смисли зборот, почнува да му кркори.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Му ја смалува кршенката леб и на Патрокле цревата зачестено почнуваат да се преметкуваат и кркорат.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Придушено кркореше. Стиснатата уста цедеше пенливи и нејасни зборови.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Една група се собрала и пеливаните се кркорат сред неа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Му течат солзи и само подзинува човекот, кркори.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Седнувам и слушам некои шепоти однадвор. Нејасно, како да ти кркорат цревата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Крвта му шикаше од грлото, кркореше и го прскаше камен - темелникот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Клоца со копитцата, кркори и полека ги превртува очите, се истегнува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Некој спие, кркори. Еден војник излегува од окопата понадвор. И иди право на мене.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Повеќе