крмнак м.

крмнак (м.)

Куќата ѝ светна. Таа му меси погача на Стоја, му напржи месо од крмнакот, му ја наполни залупката со месо и сирење, пагурчето со ракија, зоб за маските.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Доколку некој богослужец и доброчинител не ги посипе мртовците со вар или со газија, доколку не ги запали од божји причини, преку ноќ на нив се нафрлуваат чакали, понекогаш бесен пес или престарен крмнак.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Главата на тој крмнак како да чадела низ крвавите ноздри и како да се потргала од живата безобличност на сенките; забите во зинатата уста биле потемни од танките усни - и мртви се заканувале.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Си го поведоа и крмнакот, та и кучката.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Споулавениот и кога живее е мртов. Ние не одобруваме да го казниш со вила. Од таква смрт и крмнакот се повампирува.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го остави крмнакот да јаде и си ја започна редовната вечерна работа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Некој од стрелците со свои стихови му рекол дека познава измирски крмнак со име Селџик-бег; на тој крмнак кучиња ќе му ги кинат дробовите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Децата по цел ден јадат тиква, семки, и не се знае кој повеќе е обркан, крмнакот или тие. Туку нели им е слатка, ако се обркани.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се заврте и појде кон железните ребра, пак, уште еднаш, течејќи против текот на разбранетоста, шарена и густа река на луѓето. Како крмнак во густа и жива шума.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Децата сакаат, а и крмнакот убаво се гои од нив, ами што се гнасни пустињите!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И така се погодија јатрвите: Доста да го зготви петелот со компири, а Митра — тепција со свинско месо, малку оризец и бонгурец, бидејќи и крмнакот веќе беше заклан.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Било заедно да учат со Толето и Нешка, било да го сретнал нивниот крмнак некаде, ќе го дотера.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Тој прстен, тој прстен, крмнаку нечист“, веќе со турски зборови повторуваше бегот со приковани очи за зелениот камен на Калпаковиот прст. „Го уби, ти го уби?“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
КРКАЧ - Хорор пр.: Еден крмнак мирно си кркал кори од лубеници, додека него самиот го кркале крлежи, што и не е најважно. Во еден момент кројачот Дејви Крокет му дошол на крмнакот и му го кркнал ножот. Свињата почнала да кркори, и толку.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
— Кој си ти бре, ќерата, шо си се испружил тука како крмнак? — викна Сиве и сакаше да се наведе да го фати за затилок, но во тој момент се исправија пред него Трајко и Толе со навртени пушки во него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Свиња си, домуз. Твојот труп утре ќе го крка поган крмнак. Слушаш? Твојот труп, ѓаур.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Се наведнале да видат кај е удрен и виделе - немал деца на овој свет, не ќе ги има ни на оној. Крмнак, рекле. Мртов нераст.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)