крои несв.

крои (несв.)

Затоа најчесто кроеше планови како да им плати на децата.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Гледај ни го умот и крој ни гаќи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Европа Ах ти прелепа божице што богот наш суров без поштеда и пардон те опаша грубо сега освета слатка ни спремаш судбината ко џамаданче ни ја кроиш и приспивни бајки ни редиш но не во сон сладок ами во очај и летаргија нѐ фрлаш Ах Зевсе ненаситен манијаку сексуален никаквецу од небесна сорта што несреќа на врат ни врза што грев в мозок ни жигоса та ни камшик ни пост велик оттаму не може да го истера Ах милост имај божице сјајна еве на колена клечиме пред портите на домот твој златен петиците ти ги целуваме прошка дај ни за гревот наш древен и прибери нè внатре бар малку тело запустено да одмориме и душа грешна да згрееме подај ни сал трошка од трпезата ти божеска и вечно името твое ќе го славиме и пелтечиме Маргина 35
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Ми се чини дека целиот свет се свртел против мене, а универзумот ми крои заговор.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Лежам и кројам планови. Ако фатам Германец ќе мисли дека сакам да го заколам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Викаме така, се дереме ко померени и кроиме планови како да му се кажеме: да ни се даде пат за Југославија. Виза.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тој пак, значи, нешто ни крои... - Да. Волкот само влакното го менува...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Најпосле се замисли длабоко и си рече во својот учен ум: – Овдека треба и марифети, не само сила – па како да се присети нешто по долго мислење и кроење, си рече: – Јас треба точно да ги научам сите водачи на овој бунт и од нив да разберам со каква сила располагаат и кои им се слабите страни, а за таа работа ми треба човек, што ќе отиде кај нив и ќе разбере што треба – и плусна со рацете.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ги качија, значи, на железничката станица во задушливото купе од трета класа, да не свртуваат премногу внимание врз себе, и ги испратија кај вујко им со двајца непознати трговци, негови пријатели и со по десет златници што Моше дома им ги заши во поставите на нивните нови палтенца, грижно кроејќи го да не се познава и зацврстувајќи го со посилен штеп поработ што прецизно го испланира.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Додека светот ни крои зло, среќата наша расте кај Антица и после пет месеци таа ќе излезе и ќе викне: тате, мамо...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Други, мајстори и абаџии, кроеле. така направиле мајчините голема гајда и ја качиле на врв планина.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тешко е во Истанбул да се најдат поубави места за живеење од оние каде што со векови живееле турските падишаси, уживале во харемите и покрај шадрваните ја кроеле историјата и судбината на рајата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Не можат големите сили да кројат како што сакаат...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Првиот ред, точно ако е сочинет, самиот ќе се сети што треба зад себе да роди, како што зрното само од себе, со Светиот Дух во него се буди точно во времето на кроењето на лозјата, напролет, и никогаш не доцни, иако сонце не гледа, оти под земја е.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Секоја недела доаѓаше цвеќарот, секој празник Да ги окопува овошките, да ги крои Да го корне дивиот повит по ѕидовите.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Нови предизвици, модерна голгота антихристот вешто се маскира жигосува јунаци и животи голта а злосторниците судбини кројат
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Кроеше кадијата, но не седеа со скрстени раце и бунтовничките водачи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Оние другите, кои не посакуваа да бидат нешто друго во овој свет, туку сакаа да бидат она што се во еден поинаков свет, си подготвуваа облека која требаше да ги заштити во овој свет овде – си правеа оклопи, или наметки од жица кои изгледаа како кафези; си подготвуваа костими кои требаше да им помогнат да се изборат со овој свет, и во нив се престоруваа во опасни животни, или во ѕверови од некоја фантазмагорија; си подготвуваа облека која можеше да им овозможи да побегнат од овој свет, па си правеа крилја за да одлетаат, или си кроеја облека што не беше облека, туку ткаенина која обликуваше подвижен ѕид, ковчег, камен.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
НАДЕЖТА: Дали ти судбино, душману на човечкиот род, го оспоруваш моето постоење и дали оспоруваш дека кога човекот го крои животот – го учи моето кроење?
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
„Од есенските дождови и слана ќе падне листот, па ќе извршиме есенско кроење и заштита на коренот.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Повеќе