кромид (м.)

Пак со вообичаената рутина набрзина подготвив малку јадење за тебе и го распоредив во пластични кутиички, сварив чај со мед и отидов на пазар да купам една пиперка, домат и кромид што ми ги нарача претходниот ден.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
После ќе ги собере кромидот и компирите и ќе му свари манџа на Дука.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во кафеаната спомна дека се варени и дека „откако ќе им додаде малку кромид и лимон ќе послужат како добра поткрепа за розето или мастиката. За жал пиво не држеле“.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И после копаше, плевеше, косеше и правеше капици сено, уживаше леб и кромид и по секое јадење ги собираше трошките од скутот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ги симна торбите со лебот, некое парче старо сирење, сол, лук и кромид и накачи горе Влајков Шопур да набере дрва, да не го тера празно магарето, бидејќи вејќи немаше во колибата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Понатаму ги обеси и венците кромит, лук и суви пиперки.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Меѓу две молчења – ќофтиња во сос и троа вино. Без кромид, оти ни господ не знае која може да налета баш кога си нагнетен кромид.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
На таванот висеа уште две главици кромид и неколку чешни лук, а на врвката се прозираше уште еден тенок ремен сланина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не се разбегале и не легнале кој каде ќе можел да ја засолни главата, измршавени и изветвени, со ненадејно чувство на папсаност, а Васко Тушев, забест божем под подотворените усни држи парче пресен кромид, се веднел над својот баџанак, нем и сув, додека од карпите се разнесувал гласот на оној што стрелал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На пирустија клала грне со грав, кромид и пиперка, полека да се вари.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Салатата беше аранжирана како во ресторан - ситно сечкан кромид одоздола, купче зелени маслинки одозгора и тркалца лимон наоколу - окото да ти се засити пред јазикот да ти протече.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Питите ѝ одеа малку потешко. Ама со годините и времето научи да го стегне кр’нгот и в раце да го заигра сукалото под кое добро измесеното тесто се сучеа кори за пита со пресул, со праз, со кастици, со кромид и свинско пржено, пита со тиква, со урда и праз, со коприви, со корки мешани со урда и јајца... сучеше и кори за бурек плескан со по четири или пет кори со урда, сирење, бурек виткан окол-закул со сирење и кори за бурек - плетениот...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ти, миксеру во кој се мешаат сокови од медитерански овошја и од кромид.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Сега почувствува мирис на праз и кромид, а зад затворената врата во кујната го слушна шиштењето на шпоретот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Беа широки деланки црвеникава сланина, а имаше и неколку глави кромид и лук.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Вратата од таа црна дрвена барака, целата во саѓи и пајажини, со низи од сушени црвени пиперки, кромид и лук, му го покажа патот на гимназијалецот за во литературата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Утредента, на зајдисонце, Ѓорѓи нарами торба во која Киревица му стави два пешника леб, сирење и неколку глави кромид и излезе надвор од селото.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Го заклавме овенот, истолчивме два леѓена кромид и го завиткавме во кожа.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Дамите со пудлици скришно гнетат кромид, патлиџани и печени пиперки и тоа го нарекуваат македонска салата.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Јас ќе го обложувам со киселини, со кромиди под носот, а тој ќе ми вели: - Отвори го пенџерено, затвори го пенџерено!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Повеќе