крпче ср.

крпче (ср.)

Еден шепотел дека сиромавиот премногу знаел за животот, него го учел од свети книги некој калуѓер, друг рекол дека ќе му ја земе на покојникот амајлијата од под гуша - земја од три рида в крпче, таа земја чува од болештини, трет со горчлив подбив прашал дали амајлијата го сочува старецот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А секој си носи по нешто в крпче.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Го земаш лепчето и го завиткуваш в крпче.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Потоа тој ја стиша интонацијата на гласот, заслабе неговото ораторство, почна почесто да ја симнува офицерската шапка од главата и да го вади крпчето од џеб за да ја избрише потта од челото и на крајот престана да говори.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Парата во сто крпчиња ја завиткува!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Со таквите крпчиња ни рацете нема да можеш да си ги избришеш.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Раницата ја истресе од наталожената прав и по некоја брбушка од глушец, а цокулите ги премачка со чисто крпче на кое капна троа масолца од кандилцето на мајка му и ги исполни однатре со навлажнет стуткан весник за малку од малку да омекнат.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Возот писна и тргна. Баба ни мавташе и сѐ до свиокот се гледаше растреперено бело крпче.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
И тргна детето, ме послуша. Му кладов едно крајшниче леб в торбе, му врзав малку пипер в крпче и го пуштив, пушка да ме удри!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И врзи си го ова в крпче, ќе вели, само очиве кога ќе ми замижат...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во собата горе го оставив на масата. Беше рѓосано. Зедов крпче и го исчистив.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
На пример, ми падна в очи дека Катерина не седеше во скутот на Мирко Бунде; беше расположена на софата; но навистина го беше навлекла на колковите спомнатото крпче од здолниште кое во најдобар случај можеше да прекрие само четириесетина сантиметри од оној предел помеѓу нејзините колена и делот на слабините од каде скапоценоста, нејзиното папоче, што не смееше толку лесно и неодговорно да се раздава на туѓите погледи, срамежливо наѕирнуваше како роза или како око.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Со дел од нив си купи неколку женски крпчиња.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Земам, се запрегнувам во ракавите, спремам најубаво што сум можела, ја дотерувам масата за ручек, го пеглам и го штиркам секое крпче, секое везено и секое плетено, и чекам да дојде тој.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Најпосле и тој, со една помлада жена, го напушти аудиториумот, но без да заборави постојано да ја симнува шапката и со крпчето да ја брише потта од челото.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Изненадувањето врзано во крпчето на тајната ќе се претвори во трагедија.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Намерата што си ја имаше врзано во крпче просто го возбудуваше.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Језекил имал многу такви денови, а неговото рамо било така сништено, што се чинело дека носи некаква невидлива неминовна копанка со малтер, под чијашто тежина се ведне, дури и кога поминувал по сокаците на селото, доаѓајќи си како туѓоземјанин, вратен од светот, со печалбата врзана в крпче, скинат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Го разврзуваше крпчето, и се покажуваше што има во него: неколку ситни гранченца.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Од неизвесности составен и од осама, Македониј ги изучувал градбата и поредокот на бестелесното и имал дарби да разговара само со она кое се случувало векови и векови потоа. MARAN ATA, кога извикал патријархот, Македониј си ги собрал солзите свои во крпчето свое и рекол: одново згрешивте - ме проколнавте, но ме возгордеавте и сега ќе ме замени следниот кога веќе никаде не е оној кого само вие го гледате насекаде. ***
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Повеќе