кубик (м.)
Црни горо црни сестро и животот црн чмае во место другите девојки фатија спонзор а таа сѐ уште дреме на прозор Се к’ти ноќта и зимата црна студот во коски со кубик дрва да учи во студ, да ѕемне под јорган за упис на факс да продаде орган
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
И бидејќи имам лоша навика да го прелистувам весникот од назад кон напред, свесно прескокнувајќи ги страниците за економија и политика, но не со цел да се задржам на некролозите, туку на рубриката за култура (ако воопшто има таква во овој ден од неделата), случајно дофаќам две страни повеќе и кога во рубриката црна хроника, што ќе видам: Јадранка сликана во придружба на двајца батки облечени во униформи, очигледно припадници на безбедносните служби, кои ѝ помагаат да излезе од огромен црн џип, ламја од минимум 3000 кубика.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Денес во Бугарија се излеваат околу 3 милијарди кубици загадена вода, која не е за повторна употреба.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Таму се вели дека на предлог на потпретседателот Борко Угрин, владата носи одлука, двете министерства, за земјоделство и за градежништво, да го преземат изведувањето на веќе исцртаниот проект за изградба на акумулација Долнец со капацитет од 220.000.000 кубици вода.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Тој расправаше, покажувајќи ги своите мускулести раце, дека редел по седумдесет кубика дрва на ден.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
А тогаш, кога ќе потече водата, да извади неколку кубика штици, што ѝ беа потребни на нивната Задруга.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Македонски истории. Еден ред, два реда, кубици оружје.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Како да живееш со човек кој повеќе е на небото одошто на земјата? Нели: глупости на кубик!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Годишно на човек паѓаат просечно по 670 кубици вода, односно близу трипати повеќе отколку во Белгија или нешто над двапати повеќе отколку во Грција.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Истекувале милиони кубици вода!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Во 1980 година на Бугарија ќе ѝ недостигаат околу 4 милијарди кубици вода.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Помисли дека парите со кои беше платено палтенцето, Никодин ќе ги претвореше во вреќи цемент, а мајка ѝ во неколку кубици дрва.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Обете акумулации, со околу 260 милиони кубни метри вода, секоја секунда ќе даваат по 7.500 кубици вода за пиење, а тоа значи дека населението на Црноморието, кое брои 1 милион жители, ќе добива просечно на ден по 650 литри вода.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Годишно во Бугарија можат да се користат околу 12 милијарди кубици вода, односно на еден жител паѓа по 1,450 кубици вода спрема 6.000 кубици колку што изнесува европскиот просек.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)