купе (ср.)

Со прстите на својата смеа што кружат во муграта наслутена те вадам од ова задушено купе што живее со здивот на тунелите и те водам во синиот и широк сон на јавата да се одмориш во зеленилото на пристигањето.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Патниците што се качуваа на станицата кога ќе ја видеа низ вратата од купето каде што се шминка, не влегуваа во купето иако имаше слободно место за да не внесат со своето присуство пореметување во интимноста создадена меѓу машко и женско.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Досадно ми беше. Тивко ја отварав вратата од купето, излегував во ходникот, гледав низ прозорецот и пак влегував во купето.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Во купето владееше пријатна топлина која уморниот патник го тера на протегање и дремка.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Купето беше полно и сите седишта зафатени.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
На средината на масата имаше голема бакарна чинија во која луѓето фрлаа по некоја пара, и да купеа, и да не купеа свеќи.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Моите сопатници го окупираа со багажот речиси целото купе. Немаме во него никој друг освен нас.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Или би го преграбал здебеленото тело и би го отпратил преку отворениот прозорец на купето во мочуриштето низ коешто трескоти возот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Пиеја и пееја и така нашето купе стана многу бучно.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ги качија, значи, на железничката станица во задушливото купе од трета класа, да не свртуваат премногу внимание врз себе, и ги испратија кај вујко им со двајца непознати трговци, негови пријатели и со по десет златници што Моше дома им ги заши во поставите на нивните нови палтенца, грижно кроејќи го да не се познава и зацврстувајќи го со посилен штеп поработ што прецизно го испланира.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Многу се исплашив кога во нашето купе влезе кондуктерот и со строг глас рече: - Покажете ги билетите!
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Нивните драги ликови изчезнаа во далечината, но јас сеуште со рацете мафтав, мафтав, додека не се уморив, па влегов во купето и седнав на обележеното седиште од втора класа.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Во вагонот за спиење беше многу удобно. Во купето само тие двајцата.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Нѐ сместија во убави вагони. Возовите беа убави, купињата чисти, со креветчиња за спиење.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Во купето од втората класа, од учтивост или плашливост, тој податливо ги потврдува здодевните зборови на сребренокосиот човек кој патува до некоја блиска станица и кој при слегувањето не заборави да си го каже името: Етхем-паша.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во воз сум кој изгледа како да е од повоена Русија, седиштата од чија утроба ѕиркаат потемнети сунѓери и зарѓани пружини, прозорци кои не се сеќаваат кога последен пат биле отворени, реа на мочка (купето е изгледа блиску до ВЦ-то), и завеси со кириличен акроним, тромави од насобраната прашина.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Тие тројцата беа застанати покрај отворениот прозорец на нивното купѐ, ние четирите стоевме на перонот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Најинтересното од она што го кажа жената во возот беше спомнувањето на името на еден од главатарите на единицата - собрав сили да го изнесам и последниот податок што Огнена, таму, во купето, неколкупати го повтори.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Веројатно ништо што би можело да го задоволи нејзиното љубопитство бидејќи и подоцна, кога се врати во купето, сѐ уште беше зафатена со својата отсутност.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И кондуктерот минувајќи крај купето, ќе фрлеше поглед кон нив.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Повеќе