лигави несв.
лигав прид.

лигави (несв.)

Само им се лигави и им се лизга во рацете. Им паѓа на земја.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во една и иста кафеана секој ден се сретнувам со другарите и до пладне се потсетуваме на нашите млади времиња, умуваме за тоа кој каква глупост вчера истреска на телевизија, па дома на ручек и потоа дремка со весникот во скутот и до доцна во ноќта се караш со оние од екранот на кои им се чини дека светот почнува од нив. Лигавење до немај каде.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ме лигават дури под гуша.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Деветте песа со обесени лигави муцки цивкале легнати околу костурот, пулејќи во ококорените очи на господарката.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Бошко обично ѝ седеше крај нозете, лигавејќи се од радост кога врз ѓерѓевот ќе се појавеше нешто познато.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Шмрчка со устата и со јазикот го лигави книжето. 84
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ја лигави така Ники и испушта некои гласови, ко да рика елен, ко да лае лисица.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тропаа пополека или во налети по покривите од куќите, му отвораа поткожни дупки на езерото, ја раскашавија земјата, ја скиселија: замириса на комина, на гнилеж, на лигави кожи; го заборавија луѓето сонцето како изгледа, изгревот, залезот: темен почнуваше денот, темен звршуваше.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Брат ми ме креваше високо во рацете и кришум погледнуваше дали некој го гледа дека така „женкарски се лигави“ со родителите и со мене.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Вие сте фино возбуден и лесно возбудлив поет, со водени очиња подуени од книжевни пијанства, шетате навечер со рацете во џебови, свиркате, го дразните малото курче, умирате од убавина во догматски дремеж и во лигави рими и од совршено жабја перспектива, ни давате до знаење како се чувствувате и какви планови имате со светот.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Витомир витка цигара, ја лигави, ја залепува и ја става на уво.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јадеме, се лигавиме, ни се разлева сочната лубеница.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Па не си венчан со гајдата, му велиме ние, а тој само липа, шмрка, се лигави.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тоа ме замижува, ми е незгодно што ме гледа и стенкам, опенам, се лигавам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ване, не како најтрезен колку како најприсебен, бидејќи повеќе отпиваше отколку што голташе од бинлакот, ги одвлечка полузаспани и полумортуси во шаторот, под уште топлите крила на импрегираното платно, и ги остави да грчат и да се лигават на сувата папрат врз која паѓаа од грутчестите душеци.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тие, пак, го толкуваа плачот на С сосема поинаку: - Глеј го, се лигави зашто не успева да му закачи цицки на снешкото!
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Мене ми е мака до повраќање од тоа негово зелено лигавење, а тој смрди како гнила зелена дуња”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Еве, за тебе најубавото, - и тука ме погледна, со носот покажувајќи ми накај мојата чинија каде што имаше мешавина од лигави и крцкави кожи на кокошки.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Киваше, кашлаше, се мрсулавеше и се лигавеше. Беше одвратен за гледање.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
- Па јас, возач на десеттонец натоварен со топовски гранати, со илјадници фишеци, со нагазни, рачни противтенковски и што знам какви не други мини и гранати, да возам, да талкам од логор до логор, од болница до болница и да слушам како се лигави некоја заднинска гнида...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Повеќе