лизгав прид.
лизгавица ж.

лизгав (прид.)

Издржи го засркнувачкото голтање на фалусот на смислата лизгавото освојување на бескрајот во овој мал дел од времето во кое смртта се лечи од комплекс на ниска вредност и се докажува врз јазичето на живите и кога затвора и кога отвора.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Беше и преморен, но знаеше дека сега не смее да стои, не смее да се одмора, па тргна по патчето што новиот снег веднаш го постилаше со бел лизгав чаршаф, им ја отвори вратата на овците и ги пушти да пијат вода.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Но и јас сум гранка на брегот од животот што расте па колку да ми се смрзнати и румени и нејаки прстите ја сечам таа одвратна лизгава маска од мов црпејќи сили во споменот на нешто зелено зелено (ДОЖДОВИ)
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
По сугестијата на искусните планинари заради лошото време и лизгавиот терен тоа беше речиси невозможно.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И така чекајќи полека ќе ми препукне душата како огномет... и ќе се распрсне дел по дел од мене... и ти не ќе можеш да ја најдеш... ќе те сеќаваат само минатите времиња... и ќе се научиш да се движиш по лизгава улица... по која и јас еднаш чекорев.. можеби тогаш ќе ти бидам најпотребна , но ќе ме нема...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Пристигаат троми пристигаат уморените коњи на просторот тој далечен и наслутен шум на заборавениот говор Тропаат беспрекин сами пред затворените прозорци изгубено тропаат со нозете тапи без поткови ти земјо по тебе лизгава и масна земјо мирна тропаат темно измешани
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Сѐ - за малку млеч и полен за прополис и густо проѕирен леплив и лизгав јантар амброзија и жолт јаспис за твојот балсам на бесмртноста за твојот сладок прелив на младоста за драмата на творењето за смолата на детството - разлеаниот сируп или сакаш недвосмислено да кажам: за мед, мелиса!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Надвор здодевно ромори дождец, теренот станува лизгав, постои и реална опасност да се излеат септичките јами, постојат и други опасности, колку да сакаш.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Пат од безброј километри, одење по долга, жива, студена и лизгава змија, сопственик на отров.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Прозорецот е - за да не се излегува од дома, да се гледа и гледа - надвор, а таму, веранда и бездна голи разгалени стебла есенска гримиорна светлина во одблесок и процес секогаш бледа налик на покојник и лизгава како ползавец и скотна како бубачка, па лазе, подлазува лази буба, лазибуба, апи апи аап...
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Треперливо се држеше за работ од операционата маса, којашто сѐ уште беше лизгава од свежата крв.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Си ја опипува косата, но таа е загладена и лизгава од брилјантинот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Потоа, така разбиени, живееја и умираа за себе ослободувајќи го просторот за други шумови: суво крцкање и сонливи монотони удари на лизгави поткови.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Чаршијата се тресеше од тељаљите што ја објавуваа веста, калдрмата стана лизгава од расфрланите аспри ковани во Кратово, вратите на апсаната се отворија и пуштените се нафрлија врз ситнежот да зобаат како пилци, а Бошко си ги најде жената и децата дури во Бојаџиската чаршија, стуткани зад едни црвени преѓи што се цедеа на ченгел од крвавата боја.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Во секој случај сѐ паѓаше поснопица. Знаеш што се случува кога луѓето ќе почнат да се фаќаат еден за друг, а оздола лизгаво.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Таквиот снег, иако тешко совладлив заради лизгавоста и влажноста, сепак можеше да се гази.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ќе бидам Американка. Ќе престанам да пушам. Еден ден ќе бидам ладна, мазна, лизгава и сосема пластична. Како организер.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Еднаш и Даскалов ме предупреди дека размислите можат да нѐ доведат на лизгава патека.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И сега виде. Меѓу двете најголеми карпи на таа шпела се подаде едно огромно темно и распавтано клопче и, чиниш наттрчувајќи се со него, прибрзано и слизгајќи се по снегот, како во некое ужасно шегување со него, застанат сосема несигурен на таа лизгава нерамнина, - заминуваше напреку, право кон неговото јарче.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Како што го кажуваше тоа, сакав да го покријам задникот со блузата, но го местев неговиот лизгав капут врз закачалката, а тој паѓаше ли паѓаше, а јас се наведнував ли се наведнував, станувајќи сѐ поголема и поголема топка.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Повеќе