ликовен прид.

ликовен (прид.)

Строгата посебност на творечкиот израз во сите уметнички области – издели: „музичко писмо“, „ликовно писмо“, „филмско писмо“, „поетско писмо“...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Книжевната критика го сметаше за сликар, а ликовната за книжевник.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Во холот изложба на ликовни творби: повеќе наградени...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Одеше на театарски, драмски и оперски претстави, на концерти со симфониска и џез музика, на ликовни изложби и промоции на книги; а се подразбира, и на собирите на Друштвото на лекарите како и на семинарите што зафаќаа во неговата област.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Професорите по струката беа повеќе од задоволни, освен што си дозволуваа творечка слобода онаму каде што не мораше да се придржува до ликовната дисциплина, додека професорите по теоретските предмети му прогледуваа низ прсти во кои тој не се пројавуваше ни со очекуван интерес ни со особена смисла.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Пред да навратиме на јазикот збор – два за времето, за ликовното за музичкото во поезијата.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Премногу учтиви, сите ние во некоја мерка сме следбеници на Пруст или Бергсон; мислиме дека во нас постои нешто, што не може да го пронајде излезот во просторот, некоја „должина“ која во својата природа е повеќе музичка, отколку што е ликовна, која во суштина не може да се замисли.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Децениите што новите песни ги делат од првите, свесно и како творечки поттик и постапка ги искажуваат своите поетички разлики и во јазикот и во ликовните и звуковни својства, и во версификацијата и структурата на песните и во градбата на реквиумот.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
- Јазик, слобода, дух, непобитно е, дека феноменот на јазикот не може да се заобиколи, дека тој претставува апсолутна материја на поезијата, дека е стожер околу кој кружат и музичкото и ликовното и мисловното и духовното и самото време, најпосле.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Прво ликовните експерти, со своите вперени погледи како телескопи и со долгите нокти на малите прсти остри како пинцети, почнаа да копкаат по слоевите бои и да пронаоѓаат по нешто на неговите платна: те однос на светлина и темнина ваква, те однос на бои ваков, а не таков, те потег од оној сликар, те композиција од овој, нанос не од четка туку од шпахла, па дури и елементи што не спаѓаат во сликарски бои ами во столарски отпадоци.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Од антрето веднаш се отвораше голема соба, веројатно првично проектирана за салон, а сега приспособена за заедничко ателје на младата ликовна двојка.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Римата му е неопходна на Мајаковски за да го назначи ликовното во поезијата?
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Значи, и со бегол поглед може да се дојде до заклучок дека домашната „популарна ликовна уметност“ нема допирни точки со некои светски текови на популарноста, и тоа не само затоа што очевидно не произлегува од една развиена пазарна логика (според која навистина постои законот на понуда и побарувачка, а не само побарувачка), туку и затоа што не ги развива своите комуникациски обрасци (што сепак се случува во турбо-фолкот) и заостанува во непроменливоста на малограѓанскиот вкус (за секогаш детерминираните критериуми на „вредност“) и во парохијалниот аутизам (инцестуозна некомуникативност). Маргина 37 171
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Неговиот технички придонес во ликовните уметности лежи во легитимирањето на комерцијалната техника свилено сито, процес кој е една автентичната „новина“ во историјата на сликањето.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Организираа и изложби на ликовни творби и ракотворби, од кои најуспешните ќе бидат изложени на градската изложба што ќе се одржи до крајот на април.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
И не сета можна публика, особено не онаа стручната, составена главно од историчари на уметноста, од ликовни критичари, од сликарски истомисленици и од постојани љубители на премиерни изложби.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Но Гого, сосема случајно, онака патем или под јазик, разбра дека токму тие биле против него, со образложение дека е толку темпераментен што е просто напросто неорганизиран, а како педагошки правилно ќе влијае врз децата, кои во начело, нели, треба да се подложуваат на дисциплина, па и на ликовната дисциплина; тоа се однесувало на практичната настава, а пак што се однесувало до теоретската, познато е дека односниот бил потпросечен по успех уште во своето школување, па секој незавршен студент по историја на уметноста би бил посоодветен од него.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Се обложувам дека не знаете дека вашиот омилен уметник има и доста солидна ликовна наобразба.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Неговите изложби стануваа сѐ побогати, посетителите побројни, а посмелите од младите ликовни критичари сѐ подарежливи во своите пофалби; така што Гого почна да се занесува со замислата за една голема, во извесна смисла ретроспективна ама и репрезентативна изложба, во која ќе ги покаже на едно место најуспешните платна од својот дотогашен развој.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Не, не. Овде ни се состануваат кружоци: хорски, драмски, ликовни уметности и музички...
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Повеќе