линија (ж.)
Шетаме по селата, организираме: им кажуваме на луѓето која линија да ја држат, да не ја пуштаат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Писокот не може да се измери ни со акустичен барометар, стрелката се скрши од насилничка напнатост, разнесена во ширината на хоризонтот, на линијата каде небото и земјата бакнежи со страст споделуваат..
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Многу асални, здрави се исфрлени надвор, многу зарибани, зарѓани се оставаат да шетаат по средишната линија.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Едноставно, треба да им веруваат на пријателите, на стручните лица дека имаат недостаток и дека со истиот можат да живеат нормално, но не можат да дадат сериозен прилог во театарската уметност и во нејзината развојна линија.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Колку што можеше да процени во тој правец надолу се опушта линијата на фронтот, заклучи дека селото на Тетинот е од оваа страна.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
И започнуваше една убава, необична игра. Детето галопираше со коњот, држејќи се за линијата на која морето се допира со копното.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Не очекуваше дека толку многу ќе застранам од линијата на предвидувањата според неговата шема.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Всушност, бидејќи Французте беа добро засолнети, малку можеше да се види, но според прикаските, нивниот живот во споредба со животот на оваа страна на линијата на фронтот беше скоро оперетски.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Може да се рече дека тие беа по исклучок погребани во рисјанските гробишта, макар што некои тврдеа дека Алејата на великаните е излезена од верската линија.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
И сега, една обична, невидлива гранична линија требаше да му го подели животот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Овде најмногу фрапира формата во која доминира кривата линија и елипсовидната форма.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Долгата линија на надежта при исчекувањето ја испресекуваше стравот кој ме будеше секое утро, стравот кој не спиеше и ме мачеше и во сонот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Сфати дека партиите сакаат ослободителната војна да се води само до таму до каде што зафаќа предвоената гранична линија и ако нема да се придржуваат на ова, тогаш ќе бидат осудени како автономисти и така би.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Каде пред оваа маса пред овој памучен хоризонт без линии пред ова темно месо на земјата и ноќта измешано длабоко место и густо наеднаш поплава на очите и на просторите смрт Каде о каде ти јас ти море шумно и бескрајно ти монотоно поле хоризонтално уморено желно за исправено ветровито разведрување Каде о каде ти тесто густо на дождот и земјата човеку јас камену во рацете и во очите кал
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Половина ден пат одење - е првата линија на фронтот и смртта.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Посебниот карактер на романската пропаганда се потврди и од блиските настани со настапот на оружената четничка акција на пропагандите, кога романската, како пропаганда на земја што нема заедничка гранична линија со Македонија, во таа форма главно и не се изрази.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Уште колку е потребно да се прекине линијата на разумот...
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
На неа воопшто не ѝ било важно дали обичните граѓани ќе ја перципираат нејзината линија на движење или не.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Сиот бев испресечен со црни и жолти подвижни линии.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Се загледа во полната месечина на која се оцртуваа линии на човечко лице: нејзе ѝ се причини дека тоа лице првин ѝ се насмевна со подбив и закана, потоа се смршти, се стемни, дека светлината истече низ некој дол од другата страна на темната планина чии сртови едвај се забележуваа како грб на огромна камила.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)