литерат (м.)
Подмладокот на комунистите, клубот на младите литерати (веројатно зборот - "писател" асоцира на сиромаштија и тавански незагреани сопчиња, па комунистите мораа да измислат некој нов збор за овој занает), локалниот стрелачки клуб... во триесет години на неуспешна демократија, со оглед на тоа дека беше во центарот на градот, на зградата ѝ фрлија мерак политичките партии.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
За секој писател најнепосредно зборуваат неговите дела, па затоа да ги слушнеме нашите рецитатори и литерати!“ ја отвори средбата Теми - возбудена, но без грешка.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
(...) Авантуристичкиот лик на големиот литерат Марино можеби и не е некаков крунски сведок, но тој кнез на ласцивноста барем нè донесе до препознавање на некои симптоми - еротската опседнатост која на „маниристичкото делување“ му дава специфични импулси.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Рецитаторите и литератите подготвија извадоци од творбите на писателката што ги изучуваат во наставата по мајчин јазик: Топлата прегратка на Гоцевата мајка, Ѕидовите на Пела, Милосија, Водоскоци, Скалила.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Секретаријатот за информирање ја доби визбата на зградата, некогашниот клуб на младите литерати.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
3 Втората смисла во која што Дерида е философ литерат е дека од било кои разлози, тој често ги одбегнува традиционалните философски стилови на пишување во полза на стиловите за кои може да се каже дека се поодомаќени во литературните дела.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)