локалитет м.

локалитет (м.)

По нецел час јас веќе можев да стојам на нозе; се исправив и видов дека додека јас сум бил во мојата светлина и со неа, Земанек и другарите ме пренесле во самиот археолошки локалитет, под едно импровизирано тремче кое си го направиле археолозите да ги штити од сонцето; ме легнале на едно полско креветче.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Денешниот град ќе се прошири уште со пет нови градови, кои се лоцираат во долините на реките Сена, Марна и Оза, чии локалитети обилуваат со шуми.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ако за дошлаците овој локалитет е непознат, за завојувачите, меѓутоа, не беше: дамо српските власти, помеѓу двете војни, помеѓу првата и последната Голема војна, во повеќето наврати овдека вршеа ископувања.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)