лула несв.
лулашка ж.

лула (несв.)

Одвај го распозна чуварот. Неговата фигура ја виде чудно изменета во трепкавата светлина од фенерот што му се лулаше во раката.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
„Но ова се претпоставки" вели Поетот“ а ние, барем засега, можеме со сигурност да сметаме само на еден факт, оној, дека стореното зло во сонот не остава трага, па дури ни во случаите како во оној кај Данте: Верувајте видов и уште го гледам трупот кој својата глава место фенер ја носи лулајќи ја на мртвите коси! ...
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тажно е во ноќта да бидеш сам со птиците, да чекаш со нив сам в некоја пуста станица, и додека некој се лула низ улиците да мислиш дека ти си, ти си тој пијаница.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
На балконите од повисоките згради висеа како гроздови сеирџии и во темните рамки од прозорците се лулаа подадени глави, зафатени од спојот на непреодлива љубопитност.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Се виде како чекори полека кон циркуската кола од која секогаш низ лимена лула благо пробиваше чад.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Во падините црвени булки се лулаат...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Банчината зграда се лула и витка, фенерот паѓа врз калдрмата и матно се разлева.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Се лулаше земјата, се поткренуваа уплашени гримаси, изригнуваше пламен што темнината стрвно го голташе. Хаос се ширеше и го стеснуваше видикот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Твоите колкови се лулаа, лулаа како позлатено клатно на ѕиден часовник!
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Нас орлите што ги лулавме летајќи кон сонцето не врзаа во темница.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Таа вечер седевме на тремот во механичката лулка што нѐ лулаше, дуваше на нас ветер, и ни пееше.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Тие побудуваа особени асоцијации, болни и безбојни, што го ослободуваа од телото и тој се креваше невидлив како флуид, се лулаше на пајажините и го сеќаваше грубото допирање на таванот и рапавата кора на палмата, вклештена во прозорецот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Зарем не ти рекоа? Или не си чула? лулањето на колковите девојката не го изведе како ти: толку природно, а толку шик!
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Светот не би постоел без нив“, ја заклучил својата разумна проповед Капетанот тресејќи ја изгаснатата лула од оградата на бродот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Пак, блесок: листовите ти се голи; Се лулаш пред бујната липа.
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
Исполегнавме. Над нас се затворија сите врати и ни пуштија светлина, а пампурот мрдна и само полека се лулаше.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Кадијата седна со скрстени нозе на меката постела и ги зеде двете кадани што беа до него, таа што му висеше на вратот и онаа што му ја бушавеше косата, и ги кладе на своите колена и како деца почна да ги лула, а кон другите извика: – Фатиме, Халиле, Ремзие, Мерсиме, Атиџе, Мамуре, харфата и дајрињата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Секогаш ја гледа таа негова прилика како се лула на своите несвикнати на одење нозе.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Сега јас, сега јас! - викаше таа, а Бистра и Мони високо се издигнуваа на лулашките, фалејќи се дека знаат да се лулаат.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Денеска сабајле дојдоа двајца чичковци и ги поправија лулашките, сега можеме да се луламе! - кажав јас насмеано во еден здив.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Повеќе