луле (ср.)
Старецот, често, пред да се прибере на починок, во убавите денови знаеше да поседи на тоа трупче, да ги гледа ѕвездите и да влече чадови од своето луле.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Кога е топло ќе си седне дедо Спасе во дворот, ќе си го завитли лулето и ќе пувка важно, важно.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Имаше обичај да соопштува со тивка гордост, меѓу две повлекувања од лулето, дека во последните четири години не изостанал од Општинскиот центар ниту една вечер.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Само уште дедо Бошко седеше крај огништето во големата чадлосана одаја со земјено душеме и чепкајќи го лулето што го имаше допушено, нешто си мислеше.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Го најде седнат крај тланикот до огништето, со лулето во растреперените старечки раце и главата ведната.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Со следувањето од сто грама тутун неделно, ретко беше можно лулето да се наполни до врвот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Милан стоеше на влезот од работилницата и уживаше во пушењето на лулето што следуваше по ручекот.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
А дедо Спасе ќе остане уште долго надвор, па ќе си го пуши лулето и ќе си мисли на свои работи.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Го закопавме со ордените на Тито, часовникот со синџирче, лулето, паричникот и руската шубара што сѐ уште ја барам на закачалката во станот во Ѓорче Петров, последниот дом што дедо ни не го доби од Сојузот на борците.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Повлекуваше димови од едно големо и валкано луле до половина полно со исушен тутун.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Задоволството исчезна, ко жилавите корења на нашите прадедовци пред огништето што плускоти, и лулиња со синкав чад, и поглед во далечина што зборува за отсутност...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Го исчука на една гламна, го извади од џебот ножот со чклен врзан за појас, го иструга лулето одвнатре и го прибра во џебот од џамаданот.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Татко му е дома. Седи замислен на јастак и чури од лулето.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Мајка ми се правеше рамнодушна ама беше нервозна и секогаш наосилавена на нас децата; баба ми нешто скришно го караше дедо ми, а дедо седеше сѐ понапикан во огништето со главата наведната и некако свртена кон ѕидот, како чиниш да пушеше кришум од своето луле направено од кочанка.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Таман Коте го палеше лулето со едно гламче извадено од огништето кога некој засенчи на прозорецот.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Стојо го наполни лулето, ја зеде машата и му тури еден жар поголем од него.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
На лулето остануваа влажни траги од неговата челуст -впивајќи ги на врвовите од прстите, тој во себе внесуваше нежност.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
На пример, многу сакаше да се обесува со ноктите на долгото и набрано здолниште на бабата; или лулето на тато да го тркала под кревет иако тој поради тоа многу се лути; или да скока врз убавиот чадор на мама!
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Бошко почна да го полни своето луле и се обиде да се пошегува: - Го криеш ли уште тутунот?
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Понекогаш ја облакаше облеката од татко му, ставаше вратоврска, паларија, ставаше мустаќи од волна, ставаше луле в уста, ја ставаше сабјата и шлемот што ги донесе татко му кога се врати од фронт и застануваше пред огледалото и се огледуваше.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)