магарешки прид.

магарешки (прид.)

Ќе си ставиш некој магарешки трн под главата и ќе си легнеш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И јас и тоа растевме здрави. Ми раскажуваше мајка, дека баба ми ме хранеше со магарешко млеко и така дома си имаа две прлиња.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ко со магарешко копито го удрив в стомак, а можеби подолу.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И јас од сите сорти купив по некоја. Најмногу купив сливи, оти имаше разни: и градски сливи и магарешки сливи и црни сливи - гунгулки и петровки сливи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дојдоа и други џандари. Кај да поминеш на џандар ќе се наспичиш, на трн магарешки.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во ова време на другата страна на мостот, високо над карпите, во тесното магарешко патче беа веќе наместени на своите метерзи две-три стотини вооружени Мариовци, меѓу кои и Анѓа со Стојана зад еден голем камен најгоре на пусијата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Пред мене еден сув магарешки трн се ниша, се занесува од лапајцата. 86
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Имавме една магарешка слива за берење. Да не капат сливите по земја, да не ги јаде земјата. Ќе ги нацепам сушеници.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Станувам и трчам кон трнот магарешки. Кон местото кај што стои Велика моја.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И почнува веќе да зборува: „магарешките сливи магаре ги посадило, може од голушката на магарешки измет никнале“ , зборува и веќе не знае што зборува, се губи човекот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мене ме прати во магарешката клупа, не ме сакаше, како и јас што не го сакав.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Излегува од зад трнот магарешки,пред ровот, еве вака, колку дваесетина чекори од мене. Ја гледам,се облекла во невестинска облека.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јагленарот, исто така, мотивиран од магарешкиот инает што го имал кај себе, не сакал да се откаже од наплатата на долгот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ендеците широки, длабоки и обраснати со бозјак и магарешки трња.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Кога за други се вели дека се магариња, се мисли на големи магариња. И на уши магарешки.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Како глава на бројното семејство Буколовац, Трајко бил и чувар на амблемата – магарешка глава со ѕвезда на чело, а испод глава полегнати на во косо две секири и два долги ножа, сето тоа исцртано на одбранбен штит, кој го носеле пред себе нашите предци.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Додека гостите, со помош на организаторот Ниротакис Алимакопулос, ги заземаа своите места крај масите, Ласте Думбаровски беше растрчан меѓу нив делејќи им најлонски кесиња на кои, од надворешната страна, веднаш под стилизираниот амблем на „Здравје“, беше напечатена негова фотографија, крупен портрет во погледот исполнет со грижа за здравјето на народот, а во секое кесе, во тенка лимена рамка со димензии 30Х30 сантиметри, беше сместена фотографија со мотив на трн, најчесто магарешки.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Јане Славковиќ, со стан во магарешка клупа број единица во мојов дневник, од овдешнава гиманзија.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Подоцна, многу подоцна, се чуло во Кукулино од некои кираџии дека се вратил оддалеку маж ѝ на Фиданка Кукникова и исекол поголема гранка од дуњата во дворот, ја исчистил од кора и ѝ ја измерил тежината со десната рака, бил висок, со светла коса и имал во торбите и дисагите што ги донел на маска секакво богатство; веднаш, со првата ноќ на неговиот втор живот во Лесново, ги спобркал сенките што се грчеле со машки воздишки околу неговата куќа сѐ додека не натерал тројца никаквеци да се напикаат во манастирот па тој таму без збор ја дигал и ја спуштал ластегарката поттикнуван од цел куп жени што дошле да ги собираат своите парталковци и да ги лекуваат дома од модрици и навреденост со толчен печен кромид во зејтин, потоа, по три или четири месеци, кога можело да се види дека прочуената убавица затруднела, попот знаел дека ќе остане без нова кошула, без нови чорапи и без куќа иако Доце Срменков му рекол дека ќе му купи нови опинци и, повторно облекувајќи ја везената кошула, отишол во некое штипско село по осамена вдовица со момченце од три години и со покуќнина што можела да се натовари на два магарешки коша, така било, селото се наполнило со доенчиња до првата протока на ракиските казани во сувите дни кога младите татковци се насмевнувале со модри усни кон Фиданкиниот маж од чија ластегарка сѐ уште накуцувал ситноглавиот Гавруш Пребонд но тој и порано со есенските 'рѓи чекорел под тешката облека со една здрвена нога од настинка и веќе се пеело, законите на Лесново или биле измислени заради дојденците или се заборавиле, и се кршел каменот по пештерите, впрочем и можело - на небото потрепетувале многу повеќе ѕвезди отколку што ги паметеле луѓето во тоа кратовско село.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Продолжив со глодање, но овојпат јадев од големите магарешки сливи, некои од нив полузрели, што бев ги собрал во голема чинија.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Повеќе