магацин м.

магацин (м.)

Седни... и барај ми го главниот интендант, потоа командантот на магацините со оружје... Ајде, врти!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сѐ што сака модерно да се носи, се купува од магацините на Париската улица.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Дебелите обесени образи во долниот дел беа толку надуени што беше тешко да се поверува дека во нив нема мали магацини за храна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Додека се движев околу уличките на Карловиот мост, зјапајќи во витрините на магацините или така неопределно ненадејно пред мене помина една старовремска кочија, се подзапрев и улицата од сите страни затворена.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Не само јадење и пиење, ами отворија и бакалница, та дури и магацин со обуш и облекло и разни ситнурии; огледалца, мониста, прстенчиња, обетчиња и којзнае какви ситни ѕрнѕурки, кои по Европа се продаваа по десет и педест за пара, а овдека Челебијата си ги определуваше цените како што сакаше и колку што сакаше.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Додека стоеше крај дирата, загледан во прекрасниот ден за лов, во чијашто мека виделина дрвјата беа огромни, воздушести и бели, и во кој владееше една прекрасна тишина под млечнобелото зрачење на небото, Змејко, и не мислејќи на тоа, си ги исцрни со неколку јагленчиња од кибритот своите подочници, а после, кога очите можеа слободно да гледаат по таа светната белина наоколу, тој мирно ја допушти својата цигара, - една од ретките цигари, што ги палеше само при некој свој празник, - а потем го настега магацинот од својата долга француска пушка со фишеци, ги престегна опинците и замина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Имено, новиот „инвеститор“, кој веднаш си најде свои полтронски соработници меѓу поранешните раководни структури, само ги испразни фабричките магацини од робата којашто вредеше милиони евра, а не даде ниту денар за осовременување на производството или, пак, негово зголемување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во тоа време, шест седум месеци по свршувањето на војната, останаа полни магацини со оружје, а во секоја смрека имаше по петшест пушки, револвери, бомби, та дури и цели митралези се наоѓаа ако му требаше на човек.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Командантот на магацините - почувствува лесен допир по рамо и прво ја виде телефонската слушалка исправена пред лице.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И можеа тие неколку дена, додека се искрадуваа, да ги гледаат пренатрупаните патишта со сиот имот на државата, беше како некој да ги имаше истресено, исфрлено, крај главните и други друмови, сите државни магацини, сите воени резерви, сите комори, заедно со нераспрегнатите коњи и сите други воени возила, запрени, или стркалани крај џадињата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кога ќе се затечат во градот Скопје луѓе на славниот маченик Христов Ѓоргија, тие не работат никакви државни работи и нема над нив власт, ни судски чиновник, даночник или управник на тврдина, ни пазач на магацини, ни собирач на соколи, на коњи, на пци, или кој и да е друг чиновник. Тоа запомни.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Овде е трговијата, најголемите стоковни куќи, модерни магацини, оттука се делат патишатата за целиот град, па оттука се фаќаат и дијагоналите за патиштата низ сета земја...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Се појавија и Бритиш-авионите, а артилеријата ни ги гаѓа магацините, складиштата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Влегов во една издавачка куќа со книжарски магацини на француските комунисти, која работеше цела ноќ.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Кога испука сѐ, што имаше во магацинот од својата пушка, Претседателот остана нем и неподвижен на прозорецот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Празна раница не чува граница“, почнаа да се читаат пароли по буките на Кравица, Петерник, Соколот и Добро Поле, изрежани со штиковите на гладните војници од оваа страна на фронтот и се зачестија „мечките“ каде што имаше Германци, а бугарските војници со „дикат“ дигаа сѐ што имаше за јадење од нивните магацини и кујни.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ми помогна да ја суредам собата која беше претворена во магацин, зошто долго време никој не ја употребуваше. Конечно заличе на пристојна соба.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Сандолини, нивеи, многубројни сонцобрани, преферанс, нудистички манифести - јуни, јули, август, и повеќе од тоа - слободно купување во дипломатско- министерски магацини, пропусници за почесни празнични трибини, невидена покуќнина од затворските работилници.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Нашите луѓе, осем тие што првпат ги заслепува богатството од стоки, сѐ почесто се среќаваат во стоковните куќи, каде што се продава по фиксирани цени, или во магацините, каде што тоа е веќе одамнешна практика.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Слезе надолу до Ѓуешево. Ќустендил и таман се запалија магацините во Радомир и се отвори сражението по Владаја, Крле со дружината се качуваше по југозападните огранки на Витоша за да дојде по друг пат до Софија.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Повеќе