малихерка ж.

малихерка (ж.)

Жената ми е пушката малихерка, а децата ми се дробните фишеци...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Ќе помислат луѓето на журка ги викаме, со Ред бул место малихерки ќе се појават на Мечкин камен.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Браќа, ние сами треба да купуваме оружје: пушки мартинки, берданки, малихерки и бомби.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Гоце скрцка со забите, уште еднаш цврсто го стегна кундакот од малихерката и извика: - Удрете на поробителите!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Ако дадеше педесет — ќе земеше десет вакви малихерки, а за петстотини — сто пушки.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Видиш! ти за пет лири си добил убава малихерка.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
До него е и неговата пушка, пушка малихерка.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)