малтерџија м.

малтерџија (м.)

Башмајсторот ги повика сите малтерџии и тие му кажаа сѐ.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Потем беа само неколку викови, некој од мајсторите довикна озгора така, за да чујат сите малтерџии, дека оној кому му е жал може да појде да го одбрани, ако сака, а после беа уште неколку плачливи викови и сето тоа заврши така што оној истрча од вратата на бараката и ја спрашти по градилиштето, а Башмајсторот дојде само до вратата и окара „Натемате натема“, а мајсторот довикна озгора дека ќе се врати тој, дека никој тука не дава месен-обесен, но тоа излезе лошо пророштво.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но тоа е само што се однесува до поезијата, иако Агрента, малтерџијата, троши многу повеќе пари за стерео-плочи отколку што му гарантира заработката.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Од сите прозорци, од сите врати, од сите процепи на бараките, сите ѕидари и сите малтерџии го гледаа пак оној човек, оној Големиот Ристан, целиот заскокан, како елен, како ги дига и ги префрла камењата од старите гробови, како ги дофаќа и ги фрла сите тие огромни стари ќиури, како ги заиверува еден во друг и како притоа камењата испуштаат црвени огнила.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Малтерџијата беше едно вредно, здраво момче, косата му беше станата целата златна од сонцето на изминатото лето, имаше бакарни топки мускули на рамената, идеше кон Језекил со својата копанка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Језекил го повика малтерџијата да му донесе бетон, беше сам на таа височина, ѕидарите крај него беа ги зарамниле своите редови.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Језекил можеше само да ги дослуша сите тие тупи удари надолу, без да направи ниеден чекор, тоа таму, удирајќи де во ѕидовите, де во скелињата, продолжуваше да паѓа младото цврсто тело на малтерџијата со големите бакарни топки на мускулите по рамениците.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И неговите пријатели, кои го сочинуваат неговиот свет, исто така се луѓе како него, водоводџии, малтерџии, молери, дрводелци, електричари, мајстори за покриви на куќи, и луѓе што го снабдуваа со тули, цемент, вар, песок, дробен камен, тер-хартија, железарија и дрвена граѓа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Но, ниеден од тие мајстори и малтерџии не можеа да сторат ништо друго, освен да си ги бегаат своите погледи од тој крвав вресок во неговите очи, кога ќе застанеше крај нив, тој, Големиот Ристан, кој сега веќе не беше тоа, прашувајќи со секое свое движење, да не е, можеби, тука, она неговото место, оној неговиот загубен во неврат дел од облеката, она маѓија, без којашто деновите стануваат едно такво крваво прогонување.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)