малцинство ср.

малцинство (ср.)

За разлика од припадниците на малцинските групи определени според расна и етничка припадност или според вероисповед, геј- мажите не можат да сметаат на тоа дека семејствата во кои се родиле ќе ги научат за нивната историја и култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Само војската не е доста, како што не е доста ни задоволството на малцинството од населението.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тие живееја во Грција како национално малцинство, а нивниот јазик е словенски.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
На 10 август 1947 година, Главниот штаб на ДАГ (Грчка ослободителна армија) ги призна Македонците како посебно национално малцинство со право да отвораат училишта на свој мајчин јазик.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Потоа пукна брука дека за рестрикција на хомосексуалните права гласале припадниците на малцинските групи што и самите во минатото биле жртва на репресија: црнечките протестанти и хиспаноамериканските католици.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
При реорганизацијата на привремената Демократска влада на Грција, еден претставник на НОФ станува член на владата, претседателот на НОФ влегува во составот на Вишиот совет на ДАГ, а секретарот на НОФ е назначен за директор на дирекцијата за национални малцинства во Грција.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Да си малцинство, дури и малцинство од еден, не значи дека си луд.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се укажува и на балканското национал- лингвистичко слепило, кое не гледа дека: Балканците, поттикнати од пропагандата на новата Држава, го учат само нивниот национален јазик на училиште, но го игнорираат јазикот на малцинството крај нив и соседните народи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тоа го направија и со едно скриено олеснување поради целата политичка ситуација во Грција и стапувањето на законот на Метаксас за малцинствата и дефинитивното бришење на нивните права.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Ти повеќе сакаше да бидеш лудак, да бидеш малцинство од еден.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во таа смисла, може да се направи споредба со една друга малцинска професија, земјоделството.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Зашто, ако слободното време и сигурноста беа уживани од сите подеднакво, големата маса човечки суштества, кои обично заглупавуваат од сиромаштија, ќе се описменеа и ќе научеа сами да мислат; и кога еднаш ќе го стореа тоа, порано или подоцна тие ќе сфатеа дека привилегираното малцинство нема никаква функција и ќе го отстранеа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Членот на советот што, при гласањето за некое поранешно прашање, останал во малцинство – не може да се воздржи од гласање за прашање за кое подоцна треба да се одлучи.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
И покрај заслугите што ги имаше во борбата против фашизмот и домашните предавници, Трим Тоска, по војната, задолжен од Партијата за „братството и единството на народите” во крајезерската земја, не беше без амбиции еден ден да помине и во Републиката, според поволниот клуч на малцински структури, на некоја висока функција, токму во времето кога и децата ќе стасаа за студии.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тој, кој беше пред сите во херојската татковинска задача на протерување на српските дојденци, натрапници, тие опинчари и „шиљоглавци“, тој кој најдлабоко засекуваше кога од здравото, европско, католичко, илјадагодишно хрватство требаше да се отстрани туѓото тело на балканскиот примитивизам олицетворено во српското малцинство, се најде во улогата на својата жртва.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Иако ставовите во однос на македонското прашање зависеле, пред сѐ, од индивидуалната заинтересираност на службеникот на Министерството за надворешни работи, стандардната политика на Министерството била да се избегнува секое инволвирање во малцинските прашања, особено на Балканот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Само, одвреме-навреме, ако се земе тоа за порок, играше покер со своите најверни пријатели во градот, верскиот муслимански поглавар Афз Б, угледниот турски интелектуалец и учесник во војната Мустафа С, во еден период министер за земјоделство во првата повоена влада на Народна Република Македонија, како припадник на турското малцинство.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тврди дека кога жените и малцинствата одбранбено си ги смекнуваат различностите, подлегнуваат пред „покривателните барања“ што едноставно ги одразуваат постојните стварности на расизмот, на сексизмот и на хомофобијата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во коментарот се потенцира дека Македонците „формираат малцинство од околу 750 000, зборуваат словенски дијалект, којшто е нешто меѓу српскиот и бугарскиот, и живеат во делот на Југославија каде што се водеа жестоки борби во сегашниот блиц-криг.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Се зафаќаше со иницијацискиот процес што им е присушт на машките геј- заедници, а преку кој геј- мажите ги подучуваат другите геј- мажи како да бидат геј – не со тоа што ќе ги воведат во геј- сексот, а уште помалку така што ќе ги заведат и наведат на него (геј- мажите веројатно веќе се имаат изобилно впуштано во секс и пред да се сместат во општествениот свет на геј- мажите), туку попрво со тоа што ќе им покажат како да преобразат низа хетеросексуални културни ствари и дискурси во носители на геј- значење. ‌Со други зборови, целта на курсот беше да се испита како дејствува културниот пренос во случајот на сексуалните малцинства.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Повеќе