манастир м.

манастир (м.)

Кога границата меѓу Албанија и Југославија се извиши како висок непробоен ѕид, моите албански сонародници доаѓале до бодликавиот тел на границата од каде фрлале пари цврсто верувајќи дека некој ќе ги однесе до манастирот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
СВЕТИ ТРИФУН I Ме затворија во манастир во црква ме затворија во осама ни дождот да ме мие ни виното ни плодот на надроченото сонце под овие ридја ме врзаа за ѕидот за тулата за варот со боите на ридот со воздухот на коштаните ме врзаа млад и ме нарекоа светец а јас лозите ги сакав и очите на селските моми на гроздобер на панаѓур на сведен.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Со дозвола на турските власти во тој манастир од Божиќ ќе биде воспоставена грчка црковна власт.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Боса кружи и низ својот од препишува врз песокот сѐ што ѝ шепти езерото: кога исчезнува народот во овој испустен манастир сите стебла есени умеат да се молат небаре монаси.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Но најпрвин го засекле своето месо со змиско ноже и ги отпечатиле крвавите палци и показалци врз страниците на старото манастирско Евангелие. И еден по друг паднале пред олтарот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Бидејќи манастирските простории не можеле да ги спасат, луѓето сјурнале во црквата и со своите тела ги штителе иконите и иконостасот да не изгоре.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
На Божик ја завршил и му ја подарил на манастирот големата икона на божјата леунка пред која клечат сите балкански светци и војувачи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Си летнал од манастирот и си ошол пак на село.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Со тоа си земаа збогум со свети Димитрија и го молеа да им ги прости гревовите што ги направиле за оваа и друга година, што газиле околу манастирот, што јале и збореле можеби понекој непристоен збор во негово невидливо присуство.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Со еден збор, по една две години тој станал во вистинска смисла на зборот економ на манастирот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Си ги прошетал нивјето негови, си ја прошетал куќата, и најпосле летнал и отишол дури на манастир на Богородица на Трескавец, та застанал на кубето од црквата и многу ѝ се молил на Богородица, за да му поможе да појде на штрков вилает и пак да си дојде и човек да се стори, та три години ќе служел на манастирот.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Во манастирот оѕвиваа тапаните и свирките и се виткаа ората во манастирските дворови: играа оние што дошле уште од синоќа и ноќта ја минале во веселба.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Низ вратата и прозорците од црквата избуваше чад од свеќите и темјанот и миризбата се ширеше низ целиот манастир како да слегуваше од небото, од бога.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Од манастирските ѕидишта и прозорци им фрлаа леб.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
А во манастирот не ни беше толку лошо.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Некое лозјенце, нива или лагун. Манастирите живеат од тоа.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Но кога си помисли на поповскиот живот, на сите оние облаги што ги уживаа поповите, тагата го остави и во душата сети леснина и така радосен си дојде на манастирот и му ја предаде иконата на дедот Сталета со изјава дека не мисли веќе да се главува кај него.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Прво застана момокот Потоа дотрчаа двете калуѓерки А кога удри камбаната и се покажаа ѕвездите Од ѕидовите на пештерите во манастирот Еден по еден се симнаа и светците Застанати на брегот на езерото и са ноќ чекаа Да се покаже во водите одразот на девојката Што мина тука денес на пладне Во бела облека и жолта лилја во косите.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Неколку пати нѐ пушти на починка, но ни забрани да излеземе од манастирската авлија надвор.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Манастир и ти носиш во своето срце.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Повеќе