маневар м.

маневар (м.)

Се сетив на маневрите со парченцата свинско и на пробирливото сецирање на тестенините.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Со маневра се овозможува постигнување надмоќ на тежиштето на борбата во решавачкиот момент или наметнување борба на непријателот од подобри услови за нас.“
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Бугарија до сегашното востание немаше политички опит за решението на македонското прашање, ете зошто сите маневри да се реши тоа излегоа јалови.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Не можеше ли смртта да одбере друг металик при своите вежбовни активности, кога во маневарската муниција меѓу ќорците ќе ѝ се протне некоја чаура со отпаден крш од колатерален ураниум?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Но кого го излагаа со таа маневра?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Заедно со добрините за интересите на Македонија, изброени погоре, името Бугарин донесе и негативни резултати за револуционерното „дело”: Името Бугарин и нееднаквите уверувања пред Бугарија и пред Европа за судбината на Македонија по нејзиното ослободување создадоа полна недоверба кон нашето „дело” од страна на европејците, мислејќи го за итрина – не македонска, ами бугарска – за маневар на бугарската влада да се реши македонското прашање поскоро.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Напати изведуваме и цели маневри.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Го гледаме напивањето вода на локомотивите, шопањето на широкото црево озгора, удирањето со чеканче по шините, давањето сигнали со свирчето и знаменцата, гровтањето на маневарките.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сѐ што душичката му виде на Трајан, сѐ што му помина преку главата, само тој и коњот го знаат: и шлаканиците од старешините, и мајката и шајката што му ја караа, и душичката в нос што му идеше на тешките вежби и маневри - сето тоа, тој, кутриот коњ, го плаќаше: сиот бес и лутина на него го истураше.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Моите состаноци, записници и одлуки не се учество. Тоа се маневри во мрак.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Тоа беше и е работа на егзархистите, коишто се величаат “Бугари”, па следствено, тоа е бугарски маневар за да се реши македонското прашање само во бугарска полза; тоа е да се создаде една “Бугарска Македонија”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Со повлекувањето раководи генералот Караѓорѓиос. „Маневра е комплексен тактички-оперативен и стратегиски воен поим во кој влегуваат огнот, ударот и движењето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ниту една од трите супер-држави никогаш не прави никаков маневар во кој постои ризик за сериозен пораз.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Всушност, тоа беше замаскирувачки субверзивен маневар и важно средство за изразување на болното национално искуство, посебно по 1968 година.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тоа беше аранжирано, како што беше и објавено, во рамките на воените маневри, кои овие дни беа организирани во северните предели на нашиот јужен сосед.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Постојано има некои вежби и маневри. Се плашам да не ме соберат и мене.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
И нема да одиме на маневарка!
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Толе ја осети сериозната опасност и сакаше пак да направи маневар со преоѓањето преку Црна.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сега го разбирам вашиот маневар.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Потковицата и тогаш беше запоседната од фашистички војници и полицајци, божем пак беа дојдени за да прават маневри а всушност ги правеа поранешните работи - ги гонеа партизаните и ги одземаа вилната и млекото.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Повеќе