манифест (м.)

Влијанието не е формално или експлицитно, нема ултиматуми или манифести.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Колку што е познато само во еден од манифестите Поетот спомнува дека во неговото кнежество нема место за желбите и заповедите на Владарот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
(Напоменуваме дека на повеќе места во спомнатите манифести тој инсистира сонувањето да биде ослободено од секаков вид следења, надгледувања или да не даде господ притисоци и тортури).
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Веднаш оној главурдест Никодим смекнал од голтка благословено вино и од некои свои сеќавања за секакви улави старци од селата под планинската црногорица и радосно рекол дека сепак започнува моторизирањето на неговата идна дивизија - мајор е, ќе стане полковник, ќе дотера и без да го читал Марксовиот Манифест до комунистички генерал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во мај-јуни 1880 година, била формирана привремена влада на Македонија „Единство“ која во март 1881, обнародила Манифест до сите Македонци и испратила протоколарно решение до рускиот цар.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Што остана од пораките На поетите заведени во книгата На идеалната држава? (На плоштадот скришум Се продаваат последните манифести)
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Водените преговори меѓу автономистичката ВМРО и федералистичката револуционерна организација резултирало со потпишување на Манифест до македонскиот народ (5 мај 1924).
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Тие беа одговор на Крушевскиот манифест, со кој востаниците му предвестија на бедното турско население: “...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сега ваљда појасно е. Ќе треба, здрави живи, понатаму и еден манифест да срочиме.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
По 9 септември 1944 год. во македонската бригада „Гоце Делчев“ во Софија раководел со АГИТПРОП, а придонесол и за формирање на македонски радио-час во емисиите на Радио-Софија, во кој го читал и Манифестот на АСНОМ.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
На својот прв настап под наслов Три леви саата (Три левих часа), во јануари 1928., ги читаат своите текстови, го објавуваат својот манифест и ја изведуваат драмата на Хармс Елисавета Бам.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
И покрај тоа што тој обид пропадна, сепак, една година подоцна, 1925 година, во Виена, врз принципите на Мајскиот манифест, беше формирана Внатрешната македонска револуционерна организација (Обединета).
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Врз основа на идеите прокламирани во Манифестот, во Виена во 1925 била формирана ВМРО (Об).
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Сандолини, нивеи, многубројни сонцобрани, преферанс, нудистички манифести - јуни, јули, август, и повеќе од тоа - слободно купување во дипломатско- министерски магацини, пропусници за почесни празнични трибини, невидена покуќнина од затворските работилници.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„Дадаизмот е идиотски. Вистинскиот дадаист се смее, се смее”, ќе потврди првиот дадаистички манифест напишан и прочитан од Хуелсенбек вечерта на 12 април 1918 во Берлин.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Станува збор за нималку обична книга во форма на некаков политички манифест кој вооедно е и строго филозофско четиво, книга во која полемиката со есеистот Францис Фукујама се среќава со коментарите и расправите за Хајдегер, Бланшо и Левинас. И Маркс, се разбира.
„МАРГИНА бр. 2“ (1994)
Се потсетив на стиховите од „Манифестот на зенитизмот“ на Љубомир Мициќ: Затвори ја вратата Западна – Северна – Централна Европо. Доаѓаат Варварите!
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Сандолини, нивеи, многубојни сонцобрани, преферанс, нудистички манифести - јуни, јули, август, и повеќе од тоа - слободно купување во дипломатско-министерски магацини, пропусници за почесни празнични трибини, невидена покуќнина од затворските работилници.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Борбата на Дишан за идеите „против“ уметноста го забрза појавувањето на Дада, го поттикна надреализмот и ѝ го покажа патот на авангардата во 70-тите години, од објективната уметност до поп-артот (Енди Ворхол: „Сѐ е убаво“), од минималистичката уметност до концептуалната. 10 год. по првиот Ready-made, Марсел Дишан повторно потпишува едно дело со карактер на манифест.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Но, исто така, е и манифест за проект да се користи документираната привлечност на масовната култура како место од каде што ќе се навлезе во една неиндивидуализирачка, неперсонализирачка и ненормализирачка анализа на машкиот геј- субјективитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Повеќе