мантил м.

мантил (м.)

Одозгора носеше маслинест мантил, стегната во струкот.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Веќе е топло, пролет е, па можам да си го наметнам мантило, или само новиов жакет да го носам.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Во одајата, во која има дваесет ранети, влезе маж во години, облечен во бел мантил.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тој застана и му даде знак на човекот во бел мантил.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дури сега забележува дека од џебот на мантилот го извлекла чистото бело шамиче и механички ги брише очилата за сонце.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Потоа крена еден прст кон човекот во белиот мантил.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ги рашири рацете правејќи си крила од парталавиот мантил, се затрча кон работ на зградата и скокна.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Еден човек во бел мантил ги исчитуваше бројчаници.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Го наслути. Стои во бел мантил пред здрвените пралуѓе и им објаснува без грч во гласот и во ликот каков е, кој е, каде се наоѓа.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тоа е ситен човек во бел берберски мантил. Носи кожнена чанта.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Со бастун во десната рака, а пелерина или мантил во левата.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Како и да е, се спреми, го наметна мантилот, ја зеде ташната и појде накај дома, минувајќи низ последните гости кои веќе ги земаа палтата од гардеробата спремајќи се да си одат.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Лудата марта, ветриште со кое уште еднаш се сретнувам во својот живот, удира во мојот мантил со боја на мувлив тутун и се обидува да ме крене, да ме скрши од стебло или од камен. Не може.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И од оваа мимолетна средба, неочекувана и ненадејна, во устата почувствував горчлив вкус, а во пазувите студенило што ми го праќаше павтежот од полите на зелениот мантил на тој човек.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
И добро, ќе ве молам, чуму му е на продавач да носи бел мантил?
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Не издржа. Го зеде мантилот од закачалката и излезе.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Се сеќаваше на еден намуртен бербер кој доаѓаше да му ја изгребе брадата од образите и да му ја потсече косата, и на деловните нечувствителни луѓе во бели мантили кои му го опипуваа пулсот, му ги испробуваа рефлексите, му ги превртуваа очните капаци, го пребаруваа со груби прсти по целото тело барајќи скршени коски и му забиваа игли во раката за да спие.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сестрите пукаа од здравје и немаа ништо под мантилите.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Од својата лева страна Винстон виде како човекот во бел мантил крши една ампула и го полни шприцот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Нејсе, по уводот за материјалната состојба, недвижнини и друго, политичката припадност како бајаги важна за основање на една врска, сексуалните способности - самооценети како брилијантни, ликов поминува во експлицитно прикажување на она што има по џебови, придружено со сликовито објаснување како доаѓа до купчиња евра, денари, франци, распоредени во различни џебови од мантилот и костумот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Повеќе