марксизам (м.)
Економистите пишува ридишта од книги опишувајќи одделни појави на монополот и продолжувајќи во хор да изјавуваат дека „марксизмот е побиен“.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Марксизмот беше само еден од филозофските мисловни текови со кој се послужи Ленин за да ја преземе власта од царистичка Русија и ја наложи советско-комунистичката, за да дојде потоа Сталин со уште пожестоката и помилитантна идеологија.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
XXI Судбината мигум уште еднаш ме врати во свеста кон отворената врата на татковата библиотека, кон местото каде што се чуваа светите книги, а меѓу нив вметнатите брошури расправи за марсизмот, ленинизмот и сталинизмот.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Без оглед на грешката на авторот по прашањето за теоријата на парите и на извесна склоност кон помирување на марксизмот со опортунизмот, ова дело претставува извонредно драгоцена теоретска анализа на „најновата фаза во развитокот на капитализмот“ – така гласи поднасловот на книгата на Хилфердинг.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Сето тоа ќе му се случи зашто на своите сонародници ќе се обиде да им даде на знаење дека ги замениле трите верувања (католичкото, православното и муслиманското), својствени на албанскиот народ, со сталинистичкиот марксизам, кој ќе завладее како нова религија бришејќи ги другите.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Делото на Волошинов за Марксизмот и филозофијата, делото на Мукаржовски за семиотиката на уметноста, Јакобсон, Прохаска и Леви за преведувањето, сите тие поставија нов критериум за основање на теоријата на преведувањето и докажаа дека таа е далеку од обична дилетантска трка во која секој што има макар минимално познавање од друг јазик може да земе учество; напротив, преведувањето, како што кажува Рандолф Кирк, “е една од најтешките задачи што еден писател може да ги преземе на себе”.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Маркс и марксизмот ја обликуваа историјата на дваесетиот век.
„МАРГИНА бр. 2“
(1994)
- Отидовте далеку, многу далеку со вашите провидни шпекулации со религијата и марксизмот.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Марксизам ќе имам, но ќе немам дете.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Од онаа страна владеат парите; тие се основа на сообраќањето и денес исцело не ни недостасува некаква критика на марксизмот, туку една модерна теорија за парите која ќе биде на нивото на Маркс, и која ќе го надополни (попримерено би било да ја втемелат банкарите отколку економистите, иако Бернард Шмит на тоа поле прилично е напред).
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Според него, марксистичката идеологија е најразвиена и најприсутна идеологија во дваесеттиот век, најизграден примерок на идеологија; уште повеќе, марксизмот, како продукт на западната мисла „го задржува легитимитетот не само да биде изучуван и интерпретиран, туку и сѐ уште да биде инспирација“.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Се добива заташкување, затапување на најосновните противречности на најновиот степен на капитализмот наместо покажување на нивните длабочини; се добива буржоаски реформизам наместо марксизмот.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
- Има, има врска! – прифатив енергично. – И пред марксизмот, рускиот социјализам не го загуби верскиот потенцијал.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Надмоќноста
на германскиот империјализам над англискиот е посилна од ѕидот на колонијалните граници или заштитните царини: да се извлекува одовде „аргумент“ за слободната трговија и „мирната демократија“ е баналност, заборавање на основните црти и својства на империјализмот, замена на марксизмот со малограѓански реформизам.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Мислата на Кауцки најточно ќе ја изразиме ако ја наведеме неговата дефиниција на империјализмот, управена директно против суштината на идеите што ги изложивме (зашто приговорите од лагерот на германските марксисти, кои со години застапуваа слични идеи, одамна му се познати на Кауцки како приговори на определена струја во марксизмот).
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Иако настаната во периодот од 1989-1992 год, - во, како што самиот автор вели, „време на идеолошки превирања и превреднувања“, „време на ‘пораз’ на марксизмот - идеологија која ги обележи последниве сто години, - книгата нема намера да понуди содржинска анализа на марксистичката или на некоја друга идеологија.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
На таа „теорија на ултраимперијализмот“ ќе мораме да се задржиме подолу, за да покажеме подробно колку таа решително и дефинитивно раскинува со марксизмот.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Тоа најнапред ќе се случи во Русија кајшто на филозофијата на марксизмот ќе ѝ се внесе неизбежната мистична содржина.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Кај тој трговец забележуваме подлабоко, „помарксистичко“ разбирање на тоа што е империјализмот одошто кај еден неприличен писател кого го сметаат за основач на рускиот марксизам (22) и кој мисли дека империјализмот е лошо својство на еден од народите…
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Можеби сето тоа и нема врска со некаква идеологија, со анархизам, марксизам и ленинизам.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)