машинка ж.

машинка (ж.)

Има и електрична машинка за бричење! Би можел да се избричам!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Кога се дозна за нејзината машинка за правење јуфки, купена уште во Италија, која беше речиси непозната во овој дел на Балканот, машинката патуваше од семејство до семејство.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Подрипнуваме така, и гледаме во машинките од војниците.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Железното кикотење на машинките не го изненади.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Сакаше да сврти зад соседната улица; но сѐ што беше во него, од ветровиот вез во маслинките до последниот кикот на машинките, се распрсна во силен прскот, во тапо кршење, ѕвечење, крик, и сето тоа се слеа во татнеж и како лавина тргна во недогледна бездна.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Од мракот демнат зелени очи, од мракот машинките стрелаат в нозе, в 'рбет, в чело.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Нека оди да си го гледа алот дома. Се убиваат со машинки по улици. Ги мачат Црнците.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Во секој случај, додека јас не знаев дали нешто видов или не, со сигурност знам дека таму некаде отаде каде што се појави онаа толпа народ со извици, транспаренти и знамиња закркореа машинки и митралези...
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
БОЖО: (Покажува на машинката.) Од кај ти е тоа? ЈАКОВ: Од Јужна Америка.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)