меродавен (прид.)
Господата Матов и Татарчев доаѓаат и покрај нас се препорачуваат за благоразумни, а нас нѐ прогласуваат за крајни и со тоа надуено нѐ отстрануваат божем како меродавни фактори во тие борби и се поставуваат себеси за такви фактори.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Во делот што регулира меѓународна надлежност на суд, ЗС од 2006 година воведе член кој пропиша дека за дејството на стечајната постапка врз договорите за работа на вработените, исклучиво е меродавно стечајното право на државата кое е меродавно за договорите за работа (чл. 324).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
А, пак, кога за утврдување на составот на судот, правото на изјавување ревизија и во други случаи предвидени во ЗПП е меродавна вредноста на предметот на спорот, како таква се зема предвид само вредноста на главното барање; додека каматите, парничните трошоци, договорната казна и другите споредни барања не се земаат предвид, ако не го сочинуваат главното барање (чл. 28, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Среде наглите изблици на псевдомагија во езотеријата на нашите епигони меродавно е само уметничкото дело, тоа убедливо, значајно книжевно дело.(...)
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)