метанија ж.

метанија (ж.)

Направи метанија пред светите двери а потоа ми се обрати.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Подеднакво ќе бараат метании и едното и другото.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Не може и сепак сака да се намести на коленици во тој воен акшам да стори метание за последна молитва на денот и на својот живот. наеднаш му е жал, има жена и неколку деца, животот ќе ги сомеле без старател.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Бабата Каља Тушева, редовна и најрана посетителка, веќе прави метании пред Богородица и ѝ се моли да ѝ го поживи сина ѝ и внучињата; дедот Бале — и тој му пали свеќа на Ристоса и го моли да му ги прости греовите што излага толку моми и невести за мажење и што зеде некоја и друга лиричка од такви како Илка Сукала, дедот Мисирлија — не може да најде невести за синови му и почна редовно да доаѓа в црква и да се моли на сите светци; на бабата Цвета Батанџиева невестата ѝ нема малечко еве седум осум години, та и таа клечи пред Богородица и ја моли.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А таму кадешто секоја недела и секои празник гласно биеле црквените камбани - молитвите биле неми, зборувале само очите, се молеле челата, образите, метаниите ниски, ниски до самоти земја допирана со чело, одвај забележливите движења на усните.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
(Како да прави „метании“ — длабоки поклони при молитва, по колена влегува во колибата, која е ниска.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
За неполни два три месеци ги научи напамет молитвите и, на големо чудо од отец Арсенија, почна и сам да ги мрмори во параклисот кога се крстеше и длабоко правеше по четириесет метании наутро и навечер без да се почине.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Отидов топтан со сите, па и илјада метании да направам.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Така е љубов, ден те сака, ќе ти прави веѓи, ќе те љуби, а утре во друга ќе се заљуби и нејзе ќе и се колне и ќе и прави метании, а тебе не ќе те погледнува.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Нашол една калуѓерска шапка и една долга реса; зел едни црни броеници подолзи од него, та отишол в црква кај амбарот, што збираа црковната пченица и застанал спроти дупките, од кај што излегуваа многу глувци и ватил да се крсти и метании да чинит и да 'и тргат броениците зрно по зрно и да викат што да викат што да можи и не можи: - Господи, помилуј! Господи, помилуј! Господи, помилуј!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Кога 'и видел мачорот глувците во дупките, ватило слинки да му течит и да се оближуат, како коа да беше 'и изел сите глувци, и паднал на коленици, за да прај метании и кревај рацете наугоре, чини, врти и белките од очите на небеси, ѓоа на господ му се молел; тргај броениците и викај: „Господи, помилуј!“
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)