ме (изв.)
Тоа е мој живот кој јас треба да го живеам и нема сила што ќе ме натера да постапам поинаку. Јас со грчкио конзул не се мажам.“
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Ме фати и ме сврте. Се опирав, но таа ме крпеше.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Ете! Се глупирам, ја шармирам, ја терам да ме заборави.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Ме болеше грлото и ме болеа ушите - ќе умре Лозан Перуника, како да ми шепотеше некој невидлив пакосник.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Секогаш кога ќе сретнеше некого да работи, му викаше: - Мее, се козиш, се козиш, будало? А за кого? За џандарите?
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ќе оздравам. И сега се чувствувавм добро. Чесен збор. Ништо не ме боли.“ Таа ја кажуваше вистината.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Одеше по билата на ридовите, за да може да гледа и на едната и на другата страна, повремено ќе се провикнеше: „Ме, меее“, мамејќи го телето и очекувајќи да го чуе од некаде неговото мукање.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)