милиција (ж.)
За тоа време една кола на противпожарната милиција веќе јуреше по улиците на градот страшно завивајќи со сирената.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Сиот се растреперив. Што е тоа што се случило и кому се случило та што треба да се јави в милиција?
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Толпа народ се насобра и сите го креваат показалецот на левата рака кон стаклото а со десната се крстат; па мораше и милицијата да се замеша за да го растури збудалениот собир.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Претставуваше машка глава на исто толку широк врат, со капа меѓу офицерска и милициска.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Ама подоцна, кога созреа, најпрвин во партизанските одреди на ЕЛАС, потоа во Егејската бригада, па служејќи во Југословенската народна армија, а потоа и во народната милиција, размислуваше, а размислувањето понекогаш беше рамно и на неизвршување на наредба...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Се пријави во народната милиција. И тука најде работа.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Сите се собравме околу директорот, ама никој не знаевме што да правиме, а во меѓувреме дојде милицијата и јас бев спроведен...“
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Во Булкес Грците отворија голема земјоделска задруга, основно училиште и гимназија, имаат своја власт и свои пари, па дури и милиција, печатница во која печатат весници и книги и скоро сите кои беа борци на ЕЛАС таму учат да бидат политички комесари.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- Зарем тоа милицијата не ќе го знаеше, ако го прегазиле?
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
- Слушај ја наредбата. Собери ги сите расположиви сили на милицијата. Позиција: ридови на село Блаца. Одбрана до последен.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Се исправи и рече: - Повикај ми го командантот на милицијата. - Имате врска, генерале.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Внесуваа страв и трепет кај невиното население, палеа и грабаа. Беа паралелна милиција.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
— Јас сум против кандидатурата на Небеска, вели Зисо Делевски, командир на народната милиција за Костурско.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Језуитите беа верна духовна милиција на папата, за разлика од јаничарите кои беа физичка армија со однапред кастрирана духовна моќ.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Арно, ама – продолжи со тон во кој се чувствува голема неправда - им се здосади на комшиите, та ме пријавија во милиција.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Птиците ти се исто како луѓето. Имаат свој началник, претседател па и своја милиција.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
„Ама сега да ви докажам тоа што почнав. Таму во Свети Николе, од една продавница во моето маало се украде еднаш една вреќа пиперки и продавачот пријави во милицијата.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Слеговме долу и таму не фатија нашите, партизанските милиционери и не однесоа во милиција.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)