мистериозен прид.

мистериозен (прид.)

Мистериозна загатка.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Знаеше само дека е неможно да се пребројат, а тоа на некој начин се должеше на мистериозната сличност меѓу четири и пет.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Таа мистериозна игра, која јас така почнав да ја нарекувам, продолжуваше да трае сѐ до крајот на работниот ден и многу често ми пречеше во работата, особено кога се трудев да се задлабочам во нешто.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Сѐ се случи многу бргу и многу мистериозно.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
XLVI Кога започнаа да трагаат по опасните турцизми во балканските јазици кои во толковните и другите речници носеа најчесто ознаки дека се зборови историзми, кои главно си го завршиле своето значење, Татко и Климент Камилски не можеа воопшто да си претпостават, по нивните сестрани потраги, колку продолжуваше мистериозното присуство на овие поими, со незавршено, изменето и разгрането значење во балканските јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Префинетиот сенс во моето чекорење, мистериозната сенка на моето торзо, се само склоп на есенцијата во центарот на мојата таинственост.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Би сакал таа потреба да се храни од мистериозни чинки, од месечев допир.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Симптоматично е тоа што настанот мистериозно беше изоставен и од евиденција во полицијата, иако како што видовме погоре беше благовремено пријавен од страна на самата болница!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Има ножни листови свежо избричени, загадочни дупчиња на колената, што сѐ заедно предизвикува една мистериозна загадочност, поткрепена со бутини без масна наслага!
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Момата вриснува, се фаќа за долгичкиот мистериозен предмет, а тој сѐ повеќе и повеќе се издолжува над површината на водата, повлекувајќи ја нашата хероина нагоре во височината...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Приказната почнува во еден убав мајски ден, кога постарата, малку необична, мистериозна Г-ѓа Морисон во еден парк ќе го запознае младиот Г-н Стјуарт кој ќе ѝ се довери и пожали дека неговата љубена наместо да се омажи за него, сака да прави кариера на оперска певица.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Зарем потрагата по вистината најчесто нѐ води по мистериозни патишта, а враќањето останува последна утеха?
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Имаше слушнато дека Југословенките и Унгарките во Идн Парк тајно зборувале за мистериозни магии и љубовни напивки, што ги маѓепсувале луѓето со силна љубовна заслепеност.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Долго време бев фасциниран од одредени типови загатки, делумно мистериозни, кои се вградени во јазикот што го употребуваме.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Голдштајн беше ренегатот и отпадникот кој некогаш, одамна (колку одамна, никој точно не се сеќаваше) бил една од водечките фигури во Партијата, речиси на исто ниво со Големиот Брат лично, а потоа почнал да се занимава со контрареволуционерни активности, бил осуден на смрт и мистериозно избегал и исчезнал.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Има нос со совршена форма, ни прчест ни кукаст, и кога ќе застане пред мојата машина чувствувам мирис на мистериозна колонска вода.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тие извикуваа навреди кон чуварите, даваа жесток отпор кога им ги одземаа личните работи, пишуваа безобразни зборови по подот, јадеа прокриумчарена храна што ја вадеа од некои мистериозни скришни места во нивните алишта, па дури му се извикуваа на телекранот кога овој ќе се обидеше да воспостави ред.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се чинеше како таа да беше дојдена од некој мистериозен шумски предел за да донесе малку од легендарното богатство во оваа сурова околина од железо и цемент.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Беше интригантно мистериозна и водеше делумно интимни дијалози.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Додека останатите мислители и поети ги величаа мистериозните длабочини на германската душа и настапуваа како рушители на универзалното, тој се осмели да изјави: „Сеопштата трпеливост најсигурно ќе биде достигната доколку го оставиме намира сето она што ја создава особеноста на различните човечки единки и различните народи, сè останувајќи убедени дека дистинктивната црта на сето она вистински вредно се содржи во неговата припадност на целото човештво”.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Повеќе