мито (ср.)
Застана со колата под еден орев на средселото, ја потфати прирачната торба во којашто имаше пижами, две рала долна облека, еден џемпер за секој случај, две летни кошули, несесерот со нужните дрангулии, зелениот блок хартија и, се разбира, како што му беше препорачано, митото за Петра што неговата патна торба ја правеше значително потешка.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Нема чак ни партиципација. Нема Мито Бекрија и нема врски за преку ред.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Митко не е име на човек. Ние така го нарекуваме - митото.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Татко благо се насмеа на забелешката на Камилски и кимнувајќи со глава во знак на согласност, се надоврза: И бакшишот, со непожелните деривации, и митото, и корупцијата, отсекогаш го следеле и ќе го следат човештвото.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
- Страшно е да се зема мито, - одговори тој.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
А, мито е кога некој недозволено од некого зема пари за некоја услуга.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
-Ти само давај, јас ќе зборувам. -Сигурно мислиш на митото на цариникот. -Така некако.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Селаните цврсто го барале тоа, но Никола со синовите дал мито кај Абди-паша во Монастир, а можеби и кај Ахмед-паша во Цариград, и ја зел планината. Кај маказарчани ова предизвикало голем бес.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
— Големо нешто, господин конзуле, големо. Нека кршат глава каурките, туку сега помагај, — му одговори Мито и во кратко му ја опиша положбата на Шаќира и Ѓура во Прилеп.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)