мијачки (прид.)
Во миг исчезна од фреската и се стори покрај мене, отелотворен во својата човечка лика, со сета висина и ширина, со мијачки бечви и со мијачка наметка; ме гледаше кротко, милосливо.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Со своите бројни стада, со шарпланинците, посебно со својата мијачка облека и говор, и со сточарската исхрана, бакрданик, сирење, грав, и овчка пастрма, за сите пелагониски селани, посебно за жителите на Потковицата, во чиј синор спаѓаше заветрината, мијаците претставуваа вистинска атракција но не и туѓинци.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
________
27 Месност кај мијачкото село Папрадиште, велешко, од кајшто потекнува мојот татко Васил Андре Ќулавков
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)