множина (ж.)
О
ти располагаш со бол
во тебе се прекршува колективот
и други показатели
О
во тебе се креваат револуции
граѓански војни
и љубов - збирна множина
О
во тебе паѓаат снегови
снегови
О
во тебе тапани
нерви и
булки од секакво потекло
О
во тебе се Тие
О
во тебе отпадоци
остатоци
недостатоци
вертикали и
разновидни
интимни
чувства
О
ти си едно минато
неопределено време
О
можеби си човек.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
146. Турското име на Стара Планина, по кое се именува и Полуостровот, Мисирков го предава во множинската форма, како што е впрочем и во рускиот и во некои други јазици.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Ти и твоите рокери многу повеќе го истакнувате првото лице множина! - И тоа ти пречи?
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Тој јазик имал седум падежи за еднина, множина и двоина (дуал).
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Осамени меѓу прастарите стебла Ја слушате виолината на Марин Сореску, А потоа долго Жан Пол Гибер Ви го толкува лицето на благата смрт. (Сина вода блика во сеќавањето: Од мостот на Незвал Гледате жена во множина).
„Забранета книга“
од Веле Смилевски
(2011)
2. Во процесното право постои и институтот множина на субјекти.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во множинската форма на именките змеј, кеј, шеј – змејови, кејови, шејови.
„Правопис на македонскиот јазик“
од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје
(2017)
Транскрипција и транслитерација на туѓите имиња ● ● ● ● На пр., Ἀντιόπη (Antiopā) – Антиóпа, Ἀστυόχη (Astuóhā) – Астиóха, Κλεοπάτρη (Kleopátrā) – Клеопáтра, Φαίδρη (Phaidrā) – Фајдра.
„Правопис на македонскиот јазик“
од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје
(2017)
Сам, со неколку телефонски повици оддалеку пишувам во прво лице еднина против трето лице множина.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Само што рекоа: „Победивме“, го губат правото да се изразуваат инаку освен во прво лице множина.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
На пр. Ἀϑῆναι (Athēnaj) – Атéна (градот), Θῆβαι (Thēbaj) – Теба, (τὰ) Μέγαρα ‒ Мегара.
„Правопис на македонскиот јазик“
од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје
(2017)