мода (ж.)
Сега во Бугарија е мода да зборуваат дека најголеми непријатели на балканските Словени се: Русите и Австро-Унгарците, кои сакаат на почва на македонското прашање да се зафати и да се продолжи една борба меѓу Србите и Бугарите, која ќе ги ослаби силите и на едните и на другите до таква степен што ќе треба да се набркаат во балканските работи Русија и Австро-Унгарија и првата ќе ги завојува Бугарија и Стамбол, а втората Србија и Солун.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Мода во ротата беше купчето земја пред окопот да се зајакнува со што повеќе камење покриени со земја.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Неговото траспонирање станало влијателно и при правењето костими и во модата.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Тоа не е случајно, некој нешто сака, едно да се шпиунираат сите мои чекори, друго да се води интригантаната игра зад кулисите која изгледа во моето окружување никогаш нема да излезе од мода.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Облечен во бела припиена кошула која му ги оцртуваше набабрените мускули на градниот кош, некои фраерски фармерки со искинати џебови и патики по најнова мода.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
5. СЕ РАЗДЕНУВА И БЕЗ ПЕТЛИ ДА ПЕАТ - така што живеачката по својот пат си оди иако за од таков пат да ја скршнат неа врескаат кукуриговци на светските моди...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Продолжуваше да живее во нас сликата за загубената мода од една далечна италијанска пролет.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Но модата од каталогот, во нејзиното гратче, можеше секогаш да си остане нова.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Тој ја милуваше светлата свила на нејзината кратка коса, обликувана во локни според модата на времето.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Ништо особено: проќелаво ситнолико старче, со очила од дебело стакло и без рамки, врзани за ушите со усукано ортомче, со ново забало во устата што севезден нешто како да џвакаше иако беше празна и нема (саказот веќе беше вон мода и вон норми, а гумата за џвакање влегуваше во мода ама не влегуваше низ увоз), со отпуштени дланки и неподвижни прсти, кои ситно но непрекинато се тресеа - небаре над секоја пара, и најситната металка, што паѓаше на тезгата.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Јас бев таа што ја извади модата витката на зелникот да ја правам од корите.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
212. Точката е интерпункциски знак кој се бележи на крајот на расказна реченица (проста или сложена) или логички напишана мисла што претставува целина и ја пренесуваме како реченица: Таа ми раскажа еден сон. – Наум беше буден пред да ѕвони будилникот. – Девојката се смееше гласно. – Ракометарите го постигнаа најголемиот успех досега. – Надвор врне. – Нам малку ни треба за среќа. – Димитар ќе остане дома, а ние ќе одиме на свадба. – Кога ќе наближеше до аргатите, тие секогаш ја забрзуваа работата. – Никој не знае каде отиде момчето. – Влегoa во автомобилот за да не ги наврне.
„Правопис на македонскиот јазик“
од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје
(2017)
Со оглед на сегашната состојба во квир културната анализа, прерано е да се обопштува за значењето на дивите, на мелодрамите, на мјузиклите, на модата и на дизајнот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Знаеше да заштеди од џебните пари кои ги добиваше од татка си, па си купуваше списание на српски јазик „Илустрација“ во кое имаше фотографии од последните модни трендови од центарот на модата и уметноста во тоа време – околу 1938мата - Париз, Франција.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Во земјата се увезуваа италијански стоки, мода, се градеа патишта.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Секако на патот од спутникот до електронскиот мозок ќе ве сопрат и други занимливости, особено модната ревија „вреќата“ и „трапезот“ им го отстапиле местото на фустаните до над колената, на она што пред десетина години беше во мода, како и атомиумот и сѐ што е пред вас ново.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
И кога во мода влегоа чорапогашниците, значи хулахопките и тие тенките и нежни работи за под фустан, терав пат во Дојче Демократише со оправдување дека одам за да ја поправам протезата.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Во такви касели порано невестите ја токмеле својата руба, ги има во секоја наша куќа, но сега веќе се излезени од модата.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Госпоѓата - госпоѓата Фина храна, госпоѓата Висока мода, госпоѓата Висока уваженост - знае дека со менувањето на своите конјуктиви кај водоинсталерот кој ја поправа чешмата ќе предизвика запрепастувачки стравопочит.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Сексипилна, реформатор на модата во светот.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)