момин (прид.)

Како ли ќе одвикнеме од тоа и како ли ќе му се вратиме на ралото, на чеканот, мистријата... на тишината, на топлината под топло веленце и на меракот, а мерак е и тоа - да знаеш да гледаш и ѕвезди да броиш и во сено да се прпелкаш и меѓу снопје да се валкаш, на момина коса да погледнеш и длабоко да здивнеш - воздивнеш и да се радуваш - изнарадуваш затоа што си жив...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Чист како момина невиност!
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Гранки фрливме врз нив ветените за крунисување пред олтар... врз гранките земја крвава и ја притегнавме со крш - камења ко вечен запис што во времињата сегашни и идни ќе ги мијат дождови и ветрој ќе ги сушат, ќе ги топлат воздишки и во бели зори ќе болснуваат ко бисер што болснува на гради момини...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ветерот фучи и им ги кине главите на петуниите, а на момините им предизвикува солзи.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
На самоти почеток одвај чујно, речи си срамежливо, тивко како лесно треперење на крилја на вилино коњче, едната јa гони другата и се нижи во синџир, а во него - студените кладенци каде моми студена вода налеваат, прстенот меновник, долгите години на чекање, високите чардаци, белата пченица и деветте гулаби што високо над ширно поле летаат, јадовите момини и либето кое под прозорец, пред порти, под чардак чека...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Како не најдовте здравец, си мислам, момина солза...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тој „Илиос“, уште пред една две недели ги извика од земјата качунките, јагличките, петревите гаќи, момини солзи, а дренот го натера да ја облече својата жолта облека.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Неговите зборови како светулки потскокнуваа меѓу житата, си играа, се криеја, сѐ дури не осуна полето во некоја древна белина од момини солзи.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Гласовите недосекнати, одвај стишени, ги наткрилија други: Изникнало цвеќе во момини дворови Ран бел босилек, црвен каранфил...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Чекајте.... чекајте и чекањето е надеж... Во очите момини ѕвездите сѐ уште не згаснаа и сѐ уште не секна момчешкиот здив...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Нашето село немаше доволно паша за повеќе стока, затоа ги тераа овците во друго место како што се Кожуф, Момина Чука, Црвени Брегови и други места.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Просторот е интензивен, прета и забрзано дише, но сепак е контролиран: тука саксија со петунии, тука леа со момини солзи.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)