момок м.

момок (м.)

- Да бев јас за добро не ќе бев момок со целата фамилија.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Веројатно брат ми Коле го видел нашиот момок Васе како ми носи писмо од тебе, го зел да го прочита и му го дал на тато. Татко ми е многу, многу лут.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Каков нов и млад момок беше придодаден кон еден долгогодишен момок, и овој си ја зеде грижата да го оспособи Сталета за добар чифчија.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Прво застана момокот Потоа дотрчаа двете калуѓерки А кога удри камбаната и се покажаа ѕвездите Од ѕидовите на пештерите во манастирот Еден по еден се симнаа и светците Застанати на брегот на езерото и са ноќ чекаа Да се покаже во водите одразот на девојката Што мина тука денес на пладне Во бела облека и жолта лилја во косите.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Почна да го наговара одоколу да остане и налето момок, може не ќе жние токму со аргатите, ќе помага нешто на булукчиите, а и нему ќе му биде десна рака.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Костадин но и Петар беа момци со посебен оштар дух, имаа огромен репертоар на вицови, анегдоти и досетки и секогаш знаеа многу вешто да ги поврзат или да се инспирираат од темата на разговор и да ги насмеат соговорниците.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Тој Мирче беше дојденец од некаде и долги години слугуваше како момок по куќите.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Тоа е веројатно чиракот од казанџиската работилница, еден жив момок кој понекогаш го сретнуваше и секогаш му се насмевнуваше пријателски.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Јовановци беа познати и по тоа што се занимаваа со сточарство и производство на млечни производи: во истото слепо уличе, ама од спротива се наоѓаше аурот во кој живееше добитокот на Јовановци: кравите кои понекогаш најмалиот брат на Томето – Лазе ги носеше на пасење, а најчесто момокот Васе.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
И навистина, дедот Стале го зеде малото Пеце под рака и осумнаесет години го главува момок на манастирот за по шест товари 'рж, две лири пари, опанци и храна да проси по селата за истиот тој свети Илија што му ги прибра нивчињата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
За месење и готвење беше цела домаќинка, бидејќи беше осумнаесет години момок на манастирот, та кога не одеше по селата да проси, тој му помагаше на маѓерот во домаќинлакот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И од сѐ ми се смачи. Ми фалеше забава, ми фалеа комплименти од добри момци, за промена во живо, а не само онлајн на фејсбук.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Момокот го измери со поглед.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Затоа му услужи дури и со својата свештена облека и шапка и му вети дека ќе ги држи Трајка, Најда и Велјана како момци на манастирот без да ги тера дури и на работа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во пуста печалба беше замината речиси целата класно – географска структура на нацијата: здрави селски момци кои што во енклавата викана запад ги работеа најцрните работи, поосвестени луѓе кои не сакаа децата да им растат во земја која ја водат Тодоровци и Стојановци, а побогатите семејства кои го сметаа Стојан за неизделкан простак, ги испраќаа децата да студираат во странство, со тенеденција да останат таму да живеат.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
И тој дошол прво да жние и врши, потоа останал момок; после го зеле во манастирот во Света Гора како обичен слуга на сите калуѓери.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Момокот се подзабави додека јави, па Бочка го изеде јанѕа додека се врати.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Лично, имам вистинска фобија од момци слични на нив кога ми се приближуваат на улица... ТЛ: Тоа е моќна сцена!
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Тоа е, дошло, ќе се трае", си велеше Стале и гледаше како над сите момци стои отец Арсенија и само да трепне со левото око сите на нога се наоѓаа, Ништо не работи тој отец, им заповеда на сите и крка ли крка одделно од момците, во своето одајче.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Беше момокот Васе, со мало писменце кое таа го грабна, се затвори во собата и најбрзо што можеше го отвори. За малку не го искина од возбуда.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Повеќе