монитор м.
мониторинг м.

монитор (м.)

Додека се сушат испраните мозоци спрострени под светло на мониторите, колпортерите разнесуваат утрешни детергенти за денешните флеки.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
За вдишувањето на годините по раѓањето За заминувањето пред облакот пчели За ноќта обесена на прозорецот За модрите движења во огледалото (остаток од бујатото растење) За животот во мртвата природа - Книга на животот За отвореното писмо со зарипнат глас За меурот во зелениот аквариум За пропуштените луѓе во бескрајот За полиците на кои се задава коњица (фрагмент од непрочитаниот роман) За животот на жртвата во темелот - Книга на животот За студените светови во мртвороденото Јас За узурпација на просторот за летање За сенката што оспорува и простува За мониторот што емитува срце (интермецо на илузијата во траење) За животот претпоставен од живите - Книга за животот
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Кругеровото дело употребува камери и монитори за проекција на телото на корисникот, така што тоа може да стапи во интеракција со графичките слики, овозможувајќи им на рацете да манипулираат со графичките објекти на екранот, без оглед дали се работи за текст или за слики.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Јасна продолжува да ме кара, а јас уште еднаш фрлам поглед кон мојот монитор и колегата Вајсмен на него. Ех, Вајсмен, копито едно... не знаеш што пропушташ!
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Речиси сите бизнис- трансакции се раководени со софтверски програми со кои се комуницира преку мониторите.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)