мори (чест.)

Дејгиди моме од ЕЛЕМ од мразој ми коса побеле знам сила Бога не моли ѕемнам цел ден по јамболии Ах мори моме од ЕЛЕМ имам проблем преголем в темница книга пишувам пареа од усти издишувам Студ ми влезе во душата камен се стори срцево во зимските дни студени знаеш ти да ме ИЗГОРИШ Зошто ли зошто се продаде в туѓи раце ти отиде и џебови мој ти запусти Џевад за џабе те користи
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Низ отворените прозорци долетуваа зборовите од востаничката песна: „Ај, излези, Ѓурѓо, на сретсело, да ги видиш, Ѓурѓо, мори, комитите!...“
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
А утредента, додека тие ги носеа првите копанки нагоре, по скелињата, а еден мајстор најгоре пееше „Поминуваш, Јано мори, заминуваш, ми се смееш, Јано мори, не ми зборвеш“, оној доаѓаше до Башмајсторот, кој стоеше веднаш до нивното корито со малтерот и тие можеа да чујат сѐ.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Јас мигновено го забележав тоа. Зар и вие, ќерки мои? Ами јас и Агна сме ти носеле лимонче, мори старо!
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Златната она, црната она, што ти е мори чедо што не можеш солзите да си секниш?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Стоејќи еднаш на куќа, ја видел жената му кај ги молзе кравите и од милост на убавите телиња слегол во двор и отишол до телињата да ги помилува ѓоа; арно ама кај го знаеше син му Велко оти штркот Силјан е татко му; Велко си имал едно стапче в раце, и видело оти телињата ги милувал Силјан со клунот, та и свикало на мајка си: „Мајко мори, види го штркот ќе ги јаде со клунот телињата!“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Лапка ќе фрла по тебе, мори лепа, Да се завртиш, да видиш, Да ти го вида лицето, мори лепа, Лицето бело црвено.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Мори, оти да не меси, зар му се суи рацете!? — одговорија овие, наглас се насмеаја и се завртаја назад да видат дали ги гледа ќатипчето од конакот, кое веќе одамна беше ја „обесило пушката" кај Петкана Милевска.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
баму ја, седиме така во темницата и се плачеме, сакаме да го подзапреме времето, да се оддалечиме од смртта што нѐ чека, јас веќе си ја гледам мршата како ја раскопуваат дождови, како скапувам и се смалувам, се гледам пред себе си, така, како своја слика да држам в раце, само Силе Плевнеш грчи во ќошот, бичи некои глуждови трупци, ама времето кој го запрел досега, го запирале царови, кралови, тепачи, арамии, врачари и јаки луѓе и никој не останал со него и како што седам така, оп - се обзорува, некоја бесшумна светлинка ни влегува на прсти во собата и со светлината влегуваат и војници, оф мори мајко, ајде вика старшијата, Силе Плевнеш уште грчи и старшијата го клоцнува в слабина и овој рипнува, си ги брише слинките околу устата, сакате поп да ве исповеда, јас не сакам, вели Силе Плевнеш, и без поп господ ќе дознае за нас, знае тој дека на правина нѐ земате на душа и после нѐ поредуваат во дворот пред затворот, а Стеван Докуз пак приплакува, ги покрива очите, што ќе му правиш: тој ти е другар во несреќата, „пријателот ти е роднина кого самиот си го одбираш“ велеше Лазор Ночески, а војниците чекаат со пушки пред нас и ете го дојде тој, офицерот, се тетерави 121
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Поможи ми, мори мајче! И на вој век и на тој мајка ќе те знам. Земи, земи, одврати му ти вода, јас ќе му пеа љубовна песна, белки ќе го нападиме натемато од него, да се прибере, да си го земиме воа сиромашчето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сите кога му навалија, леле мори мајко, како којзнае колку да им згрешило во животот: корнат, тегнат, влечат, черечат на сите страни, кој за што побрзо се фати.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Пелагија се стаписа на местото, се стаписа од благиот глас на жената и полека, полека, со така да се рече надчовечки напори ја заврте главата и жената влезе во нејзините очи веднаш тука зад вратничката, а со неа и целата градина и куќичката со последното сонце плиснато по белината на ѕидовите, и вратничката се отвора на внатре, насмеаната жена ја влече натаму, ѝ прави пат за да влезат во градината Дојдете, златни, да си поседиме пред мојава врата, со денови, мори златна, да не речам со години, те гледам поминуваш од тука со момичево во рацете и со некоја голема болка во лицето, одамна сакав да те поканам да ми влезиш макар во градината ако не во куќата! и Пелагија нема сили да се спротивстави, таа дозволува мекиот допир на жената да ја води по патчето сѐ до поплочената ширинка пред вратата на куќарката каде што има малечка масичка и неколку столчиња без потпирачки наместени околу масичката и веќе седи на еден од нив, а на другиот до неа малечката Пела, и уште, уловува дека тетката седнува до неа без да престане да зборува Ако си калеша и со црно во срцето, ти си убава, и не знам дали има поубава од тебе, и по лицето ти се познава дека си и добра, твојата појава зрачи добрина! и во исто време претрчува внатре низ отворената врата и мислиш дека оди натаму а таа се враќа со подавалник на кои има чинивчиња со слатко и пресна вода во стаклени чаши Добро ми дојде, златна, во куќава, ајде, касни од слатково, јас самата го имам правено, онде од зад куќи, имам две дуњи, погледни, како сонцето што свети така и тоа свети, како твојата невидлива светлина, златна, како твојата невидлива добрина, златна, а тоа што свети во исто време и боли, мила, твојата невидлива болка, касни, заблажи се, ти ја знам болката, со денови, со недели, со месеци сноваш по уличкиве и бараш брлог оти онаа коруба сега е зграда, ене ја, ги надвишува сите куќи и вие морате да се иставите од таму, е, златна на тетка, не знам зошто, ама моето срце те одбра тебе, така да знаеш, те одбра тебе и оваа топка радост и оваа жолта заштита, вие да ми бидете радост на старост!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Зошто, мори, колку пати си ме донесла пијан од свадба или од гости? Та само збориш за инат!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
— Кај се најде мори сега, вели кумата, сега и јајцата ќе ни прокракаат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Ајде, мори, повјасајте, ќе им викам, ајде да ја претераме нивава, дури не се опрлила сосема пченкава, дури не се омацурила, ќе им викам и ќе си копам напред, одам пред сите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И на жена си, која го молеше да им каже барем на најблиските роднини, тој напорки ѝ рече: - Ајде, мори... Нема чергари да водам во Охрид...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Танаско како одвај да ја протурка својата снага низ вратата, покриен со дебел слој снег што го истресе внатре во одајката, влезе со грбот а не со очите, оти гласот и очите го водеа гостинот Бујрум у нашта кујќа, место коуку милуваш, уште тоуку може да собере! и ѝ се обраќа на својата жена без да се заврте, сега тресејќи го снегот од гостинот Пено мори, устрау да те удри, пули кој гостин ти носам!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Дигни глава, Румке мори, опули се, да те видам, Румке, ако умрам!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Оф, мори мајко, си мислам, сите во маката бараме мајка. Мајка да не се најде.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Стојо се навали покрај оган и го зеде најмалиот Илка, се погалија со него, ги помилува и другите деца и ѝ викна на Митра: — Ајде, мори, готов ли е граот да вечераме?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Повеќе