мувла ж.

мувла (ж.)

Внатре мирисаше на земја и мувла.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Те штипкаат само некои киселини, солила и мувли од конопта околу чеповите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Воденицата сега беше пуста, сета јавната од мувли и од пајажини.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кината и театри одамна се празни, а даските што живот значат мирисаат на мувла.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Како да плачат ѕидовите, обрастени со габи, со мувла.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не сме во кожата негова и не чувствуваме темница и мувла собрана во четири ѕида; не чувствуваме ни удари, диви и разбеснети, како ни гмечење до бесвест, за да се признае сѐ.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Часословот е веќе сосем неупотреблив, мувлата ги зафатила и внатрешните листови; но затоа Светото Писание уште не си ја дослугало својата работа, иако се негде-годе дрпнати листови за бришење на бричот.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ова е, конечно, таа река, таа Сена, самогласник препречен в грло, заедно со тебе загледан во мувлата зелена на домот заборавен.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Во малиот ходник во кој мирисаше на мувла една врата беше подотворена.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И колку повеќе се вгледуваше во черепите што се клештеа заплеткани меѓу ребра и (рбети, зафатени од мувла, сѐ повеќе се убедуваше дека Долгиот има право.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Како низ лут чад што штипе во очите, пред поткосените коленици му се прелеваа една во друга некои сцени препознатливи, а далечни: замрсено клопче од отуѓени луѓе со забавени движења што плетка нешто во безгласна кавга каде да се легне мртовецот - дали да остане на троседот или да се испружи на масичето со висната глава и подвиткани колена додека да дојде нарачаниот ковчег; помалиот син, Гоце, кого не можат да го одвојат од постариот и кој не само што му ја стиска туку и му ја тресе раката, постојано повторувајќи „бате, бате” во пуста надеж дека некако ќе го разбуди; жена му, не помирена ами умртвена од смирувачките средства, веќе забрадена во црна шамија, одеднаш остарена, преполовена и смалена, стопена како грутка снеговна на дланка, со прачки од раце во празниот скут; свеќата што гори над дамкосаното чело на Нако, што станува восочно до проѕирност; миризбата од козметиката на снаата, нешто меѓу темјан и колофониум; мувла од пештерска црква, а сè во мансарда од новоградба; испиени лица на светци од икони а само смртни грешници со подуени модрини под очите.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)