набаса св.

набаса (св.)

Среде вревата ќе набасате и на такви кои вџашено допрашуваат дали слушате дека брмчат пчели и бумбари и дека тукушто не почнал нивниот заеднички десант врз Фиренца.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
„Море, ќе те дера како јаре на стриг, само ако ми падниш некогаш“ — си помисли во умот Бојко, очигледно изненаден што набаса на потерата баш кога не требаше. И навистина лошо попадна Бојко.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Шуќур што некој го барал Вилкабамба, па набасал на Мачу Пикчу, до највисоката тајна на Инките - да му се скамени среќата, да му се скамени компасот, да му се скамени и кондорот, и сликата на планината, да му се скаменат ќе да е и пехарите за вино, да му се скамени и перницата да не може главата да ја пика во неа па да му се потат соништата, баш најубавите, да му се скамени и времето како врховен доказ дека светот престорен во камен ниту старее ниту грдее.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
А ако набасаш на некоја намќорка допраша другиот Е ако е некоја смуртена лоша ќе ти биди болеста И уште ако не ја знаеш жената што ќе ти втрча со сонот Некоја нова и непозната болест ќе те довстасала Така велеше првиот толкувач на соновите
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Можеш на трн да се набоцкаш, а и на змија можеш да набасаш.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)