нагласен (прид.)
Беше едноставен, тивок, умерено срдечен и нагласено службен во изложувањето на задачата што ми ја даде: до крајот на април да поднесам извештај за првото тримесечје во вид на лични согледувања на постигнатото и за методологијата на работа со евентуални сугестии за натамошното дејствување.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Кај Кејџ отсекогаш постоела нагласена одбивност кон сето душевно наметливо, кон сите субјективни преломи на стварноста што ја извртуваат нејзината изворност и ја ставаат во функција на нарцизмот и приватната патологија на оној кој го произведува делото и на оној кој го прима.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Ми се насмевнуваа со некоја нагласена симпатија, заговорнички ме погледнуваа, а притоа настојуваа на некој посебен начин да ми ја изразат својата поданичка покорност.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Го спомнува нагласеното либерално однесување на неговата Ана.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Како метафора во една песна звучеше сосема прифатливо - и стариот писател ме погледна со многу попријатна насмевка од онаа што ја среќавав на страниците на неговите книги, но сепак, перчето тага во очите беше нагласено.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Андон беше висок, со долги раце до коленици, со нескладна конституција, најмногу заради вродената мана левото рамо видливо да му биде поткренато во споредба со десното, при што крупното тело, со нагласена комбинација на испупчени коски и разиграни мускули, смешно му беше свиткано на десно.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Гласот, оној негов или на некој што е невидлив, прашува со нагласени согласки што ќе види и тој се сеќава на сѐ што гледал во куќата како дете: сабја кулајлија со вткаени букви од сребро во канијата - Смрт или слобода, стари црковни книги од времето на минатовековната игуменија Минадора, француска или германска кацига од времето на Балканските војни, турски тепсии со богати шари, ископани и начнати римски или такви некакви фигури на светци и војници, шандани, кандила, ками.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Со нагласени големи букви се изнесува и еден податок на Волтер од неговото време: „Религијата го чини човештвото седумнаесет милиони човечки жртви, еден милион секоја година!“
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Непропорционалноста, на прв поглед, меѓу главата и телото доаѓаше поради двата израстока: шишарката на главата и нагласениот подбрадок, кои му даваа некој сериозен и тажникав израз.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Работното место налагаше Гоше да користи огнено оружје, но испитувањата на службите покажаа дека засега “тоа прашање е отворено” (“нагласено темпераментен до благо непресметлив”, стоеше во специјалистичкиот наод на службите), па на располагање имаше секира со кратка рачка, со остро сечило и со наназад силно издаден тупук.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Зар тоа доволно не објаснува од каде сум“, ќе соопштеше со некој нагласен патос уметникот - Генерал, и наеднаш ќе се сепнеше и самиот изненаден од големината на зборовите што ги изрекол, па затоа и ќе се насмееше.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Носеше волнена, синкава кошула, запетлана напред со бисерно-сива и претерано нагласена врвка, со неуништлива кафеава облека од патка, со неизбежно високи чизми со мексикански мамузи и мексиканско сламено сомбреро.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Тој тргна кон прозорецот: ситна, кревка фигура, чија слаботија беше уште повеќе нагласена од синиот комбинезон - униформата на Партијата.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Градејќи го сопствениот идентитет како непосредно визирање со сондата поетесата Олга Наумовска со изразот на лириката , суптилна, со нагласена естетска нишка гравира еден спектар на судбини, поетски пронаоѓања во срцето, во душата, во сопствената големина, но и во големината на другата имагинарната страна.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Извичник (!)
„Правопис на македонскиот јазик“
од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје
(2017)
Наеднаш го слушна како се накашлува. Ѝ соопшти со нагласена сериозност: „Најголемите несреќи на луѓето им ги приредуваат недоразбирањата“.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Климент Камилски најпосле со свечен глас како пред амфитеатар, во кој единствен слушател беше Татко се огласи: Додека престојував во Франција, Шпанија, Белгија, на Запад, често ги слушав предрасудите за нашиот Балкан, посебно беа нагласени тие од доменот на јазикот: сме ти биле разделени со голем број неразбирливи јазици, наречја, дијалекти, недовршени идиоми, сме ти биле жртва на најсилното пророштво на Вавилон.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Станува евидентна, дури и за еден млад ум, во цивилниот живот недоволно нагласената поделба која наоѓа јасен израз во војничката дистинкција помеѓу „офицер“ и „човек“.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Ја проба тамбурата дали е нагласена, ги понаплука бургиите што ги стегаа теловите, засвири и викна да пее: Отруј се, отруј, Мишо, мори, Зошто да си жива!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И згора на сѐ, нашиот вујко се гордее со она што го напишал за нас - Додека ги кажува овие непотребни обвинувања Виктор се напрегнува да го имитира изговорот на братот на нашата мајка, она нагласено шупливо шепотење но само во понекој од зборовите, а на крајот на реченицата обврзното поткашлување, како кај вујко ми.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)