нагон м.
нагонски прид.

нагон (м.)

3. Време, Човек Драма, Сатурне: Јас станувам носечки лик, противник Ти почетна сила, нагон кон целината; Јас тапкам одовде-донде Ти кружиш цикличен, прстенест; Јас им се подбивам на повторувањата Ти повторуваш, ретко но редно демонски син-хроничен, цел; Јас бришам, ишкам епохи, слушаш ли, епохи, ех да можам да летнам Ти гледаш од високо пишуваш и леташ.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Средбата и односот на сексуалниот нагон и на нагонот на смртта во полето на уживање е јадро околу кое се формира значењето третирано во новата британска уметност.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Оттаму потекнува и одреден впечаток на садизам што ги рефлектираат некои популарни дела за коишто ќе стане збор, бидејќи садистичката компонента е пример на „целисходно мешање на нагоните“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Без негова волја и движена со нагонот што се пренесува со човеково семе од колено до колено, неговата десна рака замавнала.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Штом сонцето изгреа, од пресилен ветер или самоубиствен нагон, железната жена се преврте преку оградата и падна на улица.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Ненадејно мислата му се насочи кон можноста за сожалување, компромис и проштевање, или кон било кој друг сожалителен нагон.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Миризбата на крвта ми создаваше нагони за повраќање, но се сопирав и се обидував да не дишам низ нос.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Телото ќе го исчистите со нагонот на повраќање, секогаш кога пред очи ќе ви се појават слики и кога искри ќе ви ги потресат нервите во мозокот, ќе ви се згрутчува крвта во тромб од помислата дека сте живееле во лага, дека сонот бил лажен, дека сѐ било само илузија.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Оставени сами на себе, тие ќе продолжат од генерација во генерација и од столетие во столетие да работат, да се раѓаат и да умираат, не само без секаков нагон да се бунтуваат, туку и неспособни да сфатат дека светот би можел да биде поинаков од она што е.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Насетував како му се будеа агресивните нагони кога од централата му сугерираа како да се однесува кон жртвата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во ова невреме ноќва, зората испраќа порака, скржавец чекори во денот, мислата умира Тони нагонот во бездна, ѕвездите солзи ронат Во сончевината на утрото, бакнежи од зракот на сонцето Солзата се капе во сопственото езеро Во ритмот на срцето, немирот болка ткае
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Но каква смисла можеше да има оваа споредба можеше да се види подоцна кога ги открив во Сиди Дауд туноловците со древната матанѕа кои со инстинктивен нагон за владеење со големи метални прачки до бесвест ги убиваа заробените џиновски туни, чија мазна синосребреникава кожа стануваше црвена од крвта која ја менуваше бојата на морето во делот притеснет за масакрот?
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Јас ги поттикнувам да зборуваат за своите проблеми, преку слободни асоцијации, низ спонтан разговор, за да можам да стигнам подалеку од симптомите на нивната болест – до траумите од детството кои заедно со примарните нагони се закопани во нивното несвесно, и така да дојдам до вистинско разбирање на нивните болести и до излекување на пореметувањата кои се јавуваат кај нив во процесите на чувствувањето, мислењето и однесувањето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Како и да е, потиснувајќи ја болката од разделбата со тоа што се трудеше да се убеди дека сето тоа е природно, за разлика од жена му која како мајка ја преживуваше разделбата како доилка што одбила рулче од боска, Гого продолжуваше да слика (зашто ништо друго и не умееше) следејќи го својот темперамент со истиот нагон и снага.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Нагонот го одржуваше дивиот род: волчицата се бореше да ги исхрани малите и да ѝ ги подари на шумата.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Трибалниот нагон за власта, нестивнат уште од падот на Отоманската Империја, тешко еволуираше кон излез.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Постела по полноќ, нагони животински кон лудост водат.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Ако живеењето во Јавел се однесува на постојаните физички и сексуални нагони, или на постојано отворената славина, тогаш може да се заклучи дека нужна последица е опасното задушување, бидејќи дишачот или оној кој аспирира, живеат во Јавел.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Штом се породив, го загубив половиот нагон.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сега да почнеме со лебот и сирењето. Арсо, со незадржливиот нагон на гладно животно, откина јадар залак. Другите веднаш му се придружуваат.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Повеќе