надуе св.
надуен прид.

надуе (св.)

Тој ја наду гајдата и викна да пее колку грло што го држи, бидејќи целата таа радост се правеше за него и тој со полно право се веселеше.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Му засечува една нога па му ја надува кожата кај засеченото. За да се дере полесно.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И откако ќе ги надуе образите и откако ќе ја оддели устата од устинката на стомнето ќе кликне: - Овие не пуштаат душа, а камо ли вода!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дробејќи ги во своите муциња и гледајќи дали има уште, тие се смешкаа сѐ додека не ги надуја мешињата.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Помина ручекот велигденски, се најадоа мажите, се напија, дојдоа пак жените да ги земаат тепсиите и се надуја гајдите на сретсело.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Некои војници се капат оголголи, а некои во долги гаќи и водата им ги надува гаќите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
кој знае да свири на гајда, прашува со полна уста јадење, и ние со очите го предаваме Флорина Богданоски и Флорин ја донесе гајдата и ја наду и војниците почнаа да ѕенѕаат со газот и тогаш се налути тој старшијата и од раце му ја дрпна гајдата на Флорина Богданоски и, гледај како се свири, му вели и ја дуе гајдата одново, му се црват образите, му се шират како и гајдата, и војниците стануваат, се фаќаат околу трпезите црквински, пијана работа, се фаќаат околу трпезите и после нѐ натераа и ние да играме, а тој свири, беше знаело мртвото, ако војник, беше знаело да свири и ние се фаќаме, било пишано да играме пред мртвите,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На отец Стефан му стана лошо, жилата на вратот му се наду и тој падна.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Куферите им се везден надуени, а душите пак им се делат на четвртинки: три четвртинки за во родниот крај, една четвртинка за тука.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
XXIX Свинската чума одново се јави во селото, зафати да се шири, и од свињите да се пренесува на луѓето: започнаа луѓето нагло да умираат; секој ден се огласуваше камбаната, секој ден имаше погреб; заразата се ширеше од еден на друг: ги зафаќаше луѓето силна треска, висока температура, огница, паѓаа во бунило, им се воспалуваа дробовите, им се надуваа очите, по кожата им се нафрлуваа темни дамки, бубулки, кои расцутуваа во гној и се распаѓаа; им се воспалуваше грлото, кашлаа непрекидно и длабоко како да рикаа корнејќи ја утробата; им отекнуваа жлездите под пазувите и на вратот и не можеа да се помрднат; жлездите им загнојуваа, им ја труеја крвта и умираа во тешки маки.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Гајдата ја засака уште како дете и не се делеше од неа; кога порасна свиреше на свадби, на веселби, на гости, на свршувачки; свиреше со љубов, со возбуда, заносно, поттупнувајќи со нозете под ритамот на свирката; ги надуваше образите, ги напнуваше вратните жили, мрдаше со прстите по дупчињата и испушташе весела или тажна мелодија спрема песната и расположението; со своето чудесно свирење некому му ги лечеше болките, а некому му ги доразрануваше.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Многу се зарадува Зоки. Го наду балонот, му ја врза грлушката со конче и го пушти по собата.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Сѐ нешто бладаат, вели, јазикот им е сув и црн, на крајовите од устите им се смежуравила некоја црна павлага, вели, а мевот им се надул, како на тешка жена.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тој навистина се наду и со некаква услужна страст се тапкаше себеси по големиот мев; го правеше тоа бавно, тешко, очигледно му беше напорно да ја подигнува раката; солзи често му течеа врз лицето; но тој веќе ништо не разбираше. Маргина 37 67
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тој вриеше; жилата на вратот му се наду и мислев дека ќе прсне крв.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Петре зеде воздух, ги наду градите и избегна да се потпре на болниот колк.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Иван Иванович има малку страшлив карактер, Иван Никифорович, напротив, има толку широки шалвари, што да се надујат тие, во нив би се сместил целиот негов двор со амбарот и со сите згради.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Добро го кажав ова, ха! Тој не дека не те сакаше, но лесно поводлив ли, суетен ли, желен за престиж ли, сите го гледавме како оди по сечилото на жилетот, впрочем сакаше да се знае, и сите знаевме, оти и не беше само таа, ама со неа беше посериозно, и за детето се вели дека е негово, ама луѓето знаат и да ги надујат работите!
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- Оти плачете, бре, ги прашувам војниците, што сте ги надуле гајдите?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Некогаш мора да бил исклучително силен: сега неговото огромно тело висеше, се накривуваше, се надувуваше и се разлеваше во сите правци.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Повеќе