наиде св.

наиде (св.)

- Можеш ли да седнеш сама? – ја прашував јас постојано, мислејќи дека е нормално на стар човек да се понуди помош, но секогаш наидував на истиот одговор.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Од оваа помисла сети трпки по кожата и наидување на руменило.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Истата онаа заседа на која требало да наиде нашата бригада.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Овој сон ми наиде откако ја бев издал онаа избрзана наредба: патот да се пушти во употреба на Први мај !
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
2. Долниот свет Не оти сме слепци туку од што сме се одвикнале да гледаме блиску пред себе невешто се движиме со стап вперен напред и пипкаме: да не би да наидеме на змија, мудро немушта да не би да најдеме габа, солза радосница оти со години гледајќи далеку ни отапеа сетилата за светот тукашен па само некоја разорена и во мислите насетена ко привидение, стварност се тетерави без престан и бдее од страв да не исчезне ако се успие!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Јас го молев да слезе, оти секој миг можеше да наиде експресот, но тој велеше: „Не грижи се Луцијо, јас правам чуда; ќе го сопрам возот со поглед, со еден блесок на очите ќе го сопрам; сум сопирал јас и поголеми нешта во животот, Луцијо!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но тука како да наиде на некоја пречка.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Анализирајќи го каталогот наишол на различни грешки.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Наидоа и неколкумина селани веројатно од околните села, но ниеден не застана на чешмата.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Знаеше дека ќе наиде во следниот момент.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Впрочем и не би можел да не се помамам по зелената боја кога таа не наидува туку извира од мене, од срцето ми извира, од сржта на она што сум јас.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Наиде на спомнатите скали со мрежеста ограда, се качи по нив, а потоа низ долгиот ходник тргна кон канцеларијата.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Нема поголема неправда од таа: заслужено да очекуваш сочувство а да наидеш на рамнодушност па дури и на злоба.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Останаа тука без да си речат макар и збор сѐ додека не наиде еден селанец, пристар, кој наврати да се напие вода.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
А таквата помисла за заскитаноста или за загубеноста ми наиде кога во аголот на собата, во мрежа обесена на ѕидот, забележав зелка и неколку моркови.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Господи, јас навистина се посомневав дека си начнат веќе од страдот и дека вистинската болест ќе наиде малку подоцна, кога ќе заборавиме на неа; кога ќе ни се измолкне од вниманието.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Толку работи наидуваат, си одат, а умот стои збунето пред нив; умот не е во состојба да ги сфати толкуте многу глупости во нашиов посрамен живот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Наидувам на книгата легната на патот, недопрена од ветришта и дождови, знак на цивилизација среде море светулки, ноќни животинки и караконџоли.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Нашето повикување на деконструктивистичкото нивелирање на родовата разлика помеѓу философскиот и литературниот текст не наиде на одобрување.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Но многу брзо случајот се разјасни. Курирот наишол на заседа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Повеќе