накратко прил.

накратко (прил.)

Бојана накратко му објасни на домаќинот, гардискиот ветеран со долга бела коса и брада дека мора да преспијат во неговата куќа и дека гардата им е зад петици.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Испуштам лесна копнежлива воздишка и накратко замолчувам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Додека тие седеа стиснати како курсисти, тој на подиумот накратко им ги изнесуваше главните црти на сценариото, служејќи се со кредата на таблата како професор по тригонометрија.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Небаре светлинка ќе болснеше во мракот, небаре накратко сонце ќе светнеше и пак мрак – солзите никогаш не ни пресушија.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Едниот играч бара од другиот да пронајде збор име на град, на река, на држава или царство накратко, некој збор што се наоѓа на шарената и замрсена површина од картата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Мрморејќи нешто неразбирливо, наеднаш се отпушти, па изморен од чекањето, старецот заспа накратко, струполен во коритото направено од влажни црни гранки и мов.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Накратко, душата ми беше во носот, а јас секое утро морав да кивам.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Накратко, може да кажеме дека екранот мора да биде набиен со емоции”.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Накратко, сфатив дека тој, нормално, ќе биде натеран на едноставност, ако не и свесно наведен на тоа по сопствен избор.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- Наша задача е да издадеме триесет странички монографија во која накратко, за најширокиот таргет, ќе го отслика целокупниот успех поврзан со дваесетте години, според мене, лично без никаква дилема, сосем коректно и успешно владеење на генералот Стојан.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Накратко да објаснам, беа опасно налудничави.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Тода отиде кај Бисера и накратко ѝ исприкажа што направи со китката што ја зеде од котлето: Како на Тода, така и на Бисера им се направи волјата дека Нешка ја зеде китката.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Накратко, никогаш не сум сретнал ниту еден заколнат математичар кому може да му се верува надвор од равенките и корените, или кој потајно не верува дека x2 + px е апсолутно и безусловно еднакво на q.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- А друго? Александар накратко му ги објасни неговите задачи поврзани со прославата на десетгодишнината од владеењето на генералот Стојан.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
На исклучоците на другата страна, на мажите коишто отстапуваат од општествено најпожелната улога на херојски борец за националната кауза им преостанува само на јавна сцена улогата на заговорници на цивилно општество, односно на неговите вредности: човечките права, ненасилството, толеранцијата, еднаквоста на половите итн., значи дејствување на едно подрачје на кое кај нас во традиционална смисла може да се докаже сѐ само не машкоста, подрачје, имено, на оние интереси што хрватското мнозинство денес ги смета за сѐ уште бизарни, недостојни за вистински машки ангажман, па затоа подрачје препуштено на дезертерите од сите видови, слабаците, педерите, накратко на женскиот свет како таков.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Четвртиот период, во коегзистенција со третиот, своето потекло го води од раните шеесети и е окарактеризиран со „реверзија на херменевтиката, и со речиси метафизички истражувања во преводот и интерпретацијата“; накратко со визија за преведувањето како широко поле во чии рамки спаѓаат и други дисциплини.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Накратко, таа подразбира потпирање на историските, феноменолошките, деконструктивистичките и херменевтичките методи или приоди.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
„Помислив да наминам и накратко да те видам. Гледам, убаво наврнало на пасиштето.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Кога пресудата се објавува, претседателот на советот, односно судијата поединец јавно ќе ја прочита изреката и накратко може да ги соопшти причините за пресудата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Уште од „основната криза” - значи од теориите на Ајнштајн, Хајзенберг и Гедел - што е засилено и со поновите настојувања на теоријата на катастрофата и истражувањето на хаосот, или теориите за фрактали - самата наука ни кажува дека светот е окарактеризиран со плуралитет и хетерономија, дека парадоксите и паралогиите можат да бидат многу попристапни за негово осознавање од едноставните дедукции, дека реалноста сѐ на сѐ не е хомогена туку хетерогена; дека не е хармонична туку драматична; дека не е единствена туку диверсивна; накратко: поседува „постмодернистички“ дизајн.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Повеќе