намести св.

намести (св.)

Јас не знам што да правам со рацете: кај да ги држам, како да ги наместам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Скривницата се наполни. Згора убаво ги наместија штиците и ги покрија со земја.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
1. Еден Циган без цигулка Еден Циган без Циганка Еден Циган без дружина донеса денеска Замижано над постела тој стегаше раце суви борејќи се со некого заздиван Па наеднаш грабна дизгин невидлив и атот игрив го потера сиот в пот и распеан Но в час коњот се исплаши и се сопна Тој извика на уста со топла пена румена Не го крена коњот сакан Не намести нови жици Под чергата в пламен сета замолча Еден Циган без дружина еден Циган без Циганка еден Циган без цигулка однесоа денеска.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
И дење и ноќе и под снег и под дожд и по виулица и магла треба да знаеш да ја растуриш и да ја наместиш пушката...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
До пред малку мислеше дека ќе ја сочува во себе онаа зафатеност и ќе може да ги посреди малку лостовите, со кои кога ќе му дојде време требаше да ги носи и да ги наместува трупците, намалувајќи ја нивната тежина; мислеше дека ќе најде во себе желба да ги подреди и нив така, за еднаш кога ќе биде потребно, да може само со еден дофат, со едно движење, да ги покрене и да ги намести.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Го намести буклето под тенкиот шупур на кладенчето и отиде кон шумичката да седне под сенка и малку да здивне од горештината.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Се намести во креветот оставајќи болничарката да го покрие и ги затвори очите.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Во една прилика заборавајќи да го намести своето дилдо се случи фекален дебакл и целиот 24 миљонскиот аудиториум беше сведок на буквално подкакување, но тоа не беше пречка да ја назначат за водител.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Војниците ја однесоа масата на ледината и чекаа капетанот да им каже како да ја наместат. Ја ставија пред врбјакот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ја наместив скалата нагоре и се качив на првата гредичка.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Атина ќе му го намести столот и уште долго време ќе стои зад него, замазнувајќи му ја косата што си ја разбушавил при вадењето на капата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се намести до мене и ми ја прочита песната за убиениот крал напишана на руски, од кое јас запомнав само неколку зборови без да ја разберам содржината над која тој пролеа врел поток.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Не може и сепак сака да се намести на коленици во тој воен акшам да стори метание за последна молитва на денот и на својот живот. наеднаш му е жал, има жена и неколку деца, животот ќе ги сомеле без старател.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Не можев да ги задржам солзите кога Вера сама, со свои раце, ги наместуваше цвеќињата што ги набравме од нашиот двор и ги донесовме за вазната од камен на гробот.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Од џебот извади огнило, кремен и трат. Тратот го намести на кременот и почна да чука со огнилото.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Токму навреме се намести на чукана!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се втурнаа во општината и зафатија да се растрчуваат низ неа: распослаа по одаите сламишта и ќебиња, наместија во дворот казани за готвење и ја заградија чешмата со лонци и котли.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Патрокле се намести добро на веленцето што го влечкаше со себе и одново се предаде на своето брборење.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Чекам да ми се сврти оној што е поинаку облечен од мене, од нас: чекам да ми се намести со тилот. 67
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се намести милиционерот пред бикот, ги рашири нозете, ја поткрена пушката и, без многу размислување за да не должи со стравувањето, пукна во главата на бикот, токму во ѕвездата меѓу очите.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Повеќе