нанесе св.

нанесе (св.)

Сега и мене ми иде така. ,Диверзија е таков вид на војување која има цел да го изненади непријателот, да му нанесе што поголеми загуби во луѓе и техника.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Истоветна лузна каква што носеше Тој на челото - ѝ изгреба и на секирата уверен дека лузните нанесени од честа не се грди, па продолжуваше сам низ планината листајќи ја како недочитана книга чиј јазик го разбираше само - Тој.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
157. Ние гледаме сега оти три национални и религиозни пропаганди во нашата татковина се борат една против друга и сите заедно се борат против нас и нашите интереси, сакајќи да им нанесат смртен удар и да си ги потчинат под себе, земајќи го со таа цел религиозното и училишното работење кај нас во свои раце преку црквата и училиштето за да ѝ нанесат смртен удар на нашата народност, ни го налагаат нам нивниот наместо нашиот јазик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Власта е способност да се нанесе болка и понижување.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Најголем удар доби Византија од Бугарите, коишто зазедоа од неа голем дел нејзини земји населени со Словени и од нив образуваа една голема и силна држава, која од VIII век до идењето на Турците на Балканскиот Полуостров скоро постојано ѝ нанесуваше еден удар врз друг.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Рестрикцијата била воведена за да ја спречи штетата што пиењето можело да ѝ ја нанесе на воената индустрија.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тој сакал на германската публика да ѝ даде нега која ќе ја излечи од нејзините повоени чувства на лишеност, изолираност и болка, што ѝ ги нанеле очајничките промашувања на нејзината родителска држава.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Од ноќ во ноќ стануваше свесен за неправедната болка што ѝ ја нанесуваше на Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Градот е ѓавол, градот е зол градот сурово наденува на кол преполн со завист, нанесува бол загадочен исто ко Гордиев јазол Премногу фарси, премногу маски градот е подготвен сѐ да прими премногу надежи, премногу лаги а градот загаден сите ги голта
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
А кога им велите: штом востанието е општо од сите македонски народности, тогаш зошто Комитетот заседава само во Бугарија, а не и во Србија, Влашко и на друго место, тие одговараат вака: Од тоа што комитетите заседаваат во Бугарија погрешно е да се прави заклучок дека македонските комитети се бугарски; за македонските комитети Бугарија не е ништо повеќе од една држава што им укажува гостопримство на Македонците и им дава слобода да работат слободно до колку таа работа не ѝ нанесува штета на државата, т.е.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Те молам да запаметиш, во текот на целиот наш разговор, дека можам да ти нанесам болка во секој момент и до кој степен сакам.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ако те нанесе патот кон старо Скопје, сѐ убаво види и разгледај... само едно немој да заборавиш!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Ликувавте над раните и модринките што секојдневно ми ги нанесуваше ти.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
„При остварувањето на слободата на вашиот природен дух, некои проблеми ви се нанесени од живите суштества околу вас, некои од природните непогодности а некои од умот. Првите два полесно се надминуваат, но третиот: управувањето со сопствениот ум, е најголемата пречка за воспоставување на ред во вашиот систем“
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Бугарската војска била разбиена на Брегалница од Србите, а и Грците ѝ нанеле тежок пораз на бугарската војска во Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Луѓе кои знаат дека одразот во огледалото не е нивен, а сепак му нанесуваат шминка и ја поправаат фризурата пред да го пуштат надвор. Туѓи одрази шетаат низ град.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Патема собраа со себе што најдоа: луѓе, стока, и за инает ги запалија сите посеви кои веќе чекаа срп и им нанесоа големи штети на селаните. – Море кој ги гледа штетите кога останаа главите – се тешеа селаните и еден по еден се прибираа по селата за да почнат нов живот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Од болот што стисокот му го нанесе Србин почна да се созема, сфаќајќи дека тоа не е грмотевица како што прво помисли, туку дека топови рикаат отаде на фронтот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Доколку не е договорено поинаку, закупецот може закупениот предмет да му го даде во закуп на друг [подзакуп] или според некој друг основ да му го предаде на употреба, но само ако со тоа не му се нанесува штета на закуподавецот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Да пееш, значело да си нанесуваш болка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе