напивка ж.

напивка (ж.)

Најверојатно познавал секакви пијачки и напивки со кои се пречистувала крвта и секако по несреќа залутал меѓу шуплоглав свет што не можел да сфати дека по такви екими каков што е тој копнееле далечни калифи и нешто поблиски везири.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Напати најмладиот од нив бојазливо ќе ја спомене чајџилницата и благата напивка од која пиеја.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Тоа значи дека сте на најдобар пат да ја искористите љубовната напивка и да станете јунаци на една голема љубов.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тие, пак тие ветрови, нѐ развеваат и одвеваат за развеани некако да разбереме дека не сме народ од пердуви иако песните ни се меки и топли и најчесто ни служат како лековита напивка од шумолот од роднокрајните извори.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Го вареше утринското бело кафе, цедеше лимони и портокал, нашата вечна напивка.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Токму затоа се осеќам компетентен да говорам за алкохолот како суштинска и историско цивилизациска придобивка која се спомиња и у библијата (Не пиј веќе само вода, туку земај по малку вино, заради твојот желудник и честите боледувања ап. Павле) како напивка која живот значи .
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Имаше слушнато дека Југословенките и Унгарките во Идн Парк тајно зборувале за мистериозни магии и љубовни напивки, што ги маѓепсувале луѓето со силна љубовна заслепеност.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И кога не си одговори, не беше начисто со тоа, дали е тоа – тој, дали сонува или е пијан од некоја волшебна напивка што владетелите ја чуваат скриена во своите подземни ходници.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Знаеше како се чуваат доенчиња, иако самиот никогаш немал деца, се впушташе во неверојатно интересни разговори околу исхраната за определена болест, ги предлагаше тие и тие видови пудра, на ливчиња испишуваше рецепти за приготвување лековити масти, ги регулираше квантитетот и квалитетот на напивките за бебиња, дури знаеше и како да ги држи: расплаканото дете веднаш се смируваше кога ќе го кренеше в раце.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во просторијата се рашири пријатната аромата на топлата напивка.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Но, драги Асенета или Аристине, љубовната напивка што овде се нуди ќе можете да ја искористите само ако поминете низ извесна иницијација, односно, ако успеете да се вброите меѓу јунаците на оваа приказна.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Второто, може ли за мала лага да се смета нешто кое во иднина ќе стане голема вистина? – Секако. – Зошто тогаш не земете и Вие малку од својата љубовна напивка, што нам толку несебично ни ја нудите?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Погледнувам нагоре. Ја нема полицата. Го нема полуиспразнетото, прашливо шише со волшебна напивка.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Оваа приказна, значи, е претворена во продавница за љубовната напивка, но таа напивка, како и сите други магични напивки не е безопасна. * На ова место одеднаш прекинав со пишувањето, бидејќи во духот ми се јави кристално јасно прашање: – Зошто ја лажеш?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Некој навидум безначаен и дребен настан, кој сепак е услов без којшто нема пристап до љубовната напивка.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Бевте во право. Онаа ваша напивка дејствува.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Првото, дали љубовната напивка, вашата љубовна напивка се однесува и на Вас?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но, овде наша цел е љубовта, а не смртта, љубовната напивка, а не отровот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)