наплеќи прил.

наплеќи (прил.)

Така легната наплеќи, подзамижана се загледа во сонцето што веќе го беше преполовило денот. Ѝ се пристори дека откај сртот слуша скрцкави чекори.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Дури и оној бавен и расплинат ритам на дишењето во неговото спружено наплешти и отпуштено тело, носеше само едно споро, речиси неосетно надигнување на градите и едно сосема незабележливо тонење.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Зарем не знаеле кога ослепувале души мачни - живи - неживи? - шепоти баба Петра, наплеќи легната, божем заспана.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Влатко сѐ така лежеше наплеќи, со рацете под тилот, со рамномерно дишење...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Занемеа. Нема збор ниту проговор. Двајцата лежат наплеќи, ама сонот не ги фаќа.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Лежат молкум наплеќи, заџарени накај покривните греди. ***
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)